Ескалација на судирите во северозападна Сирија и Идлиб

Турските сили и сириските бунтовници денеска се судрија со владините трупи во северозападна Сирија, поддржани од руски воени авиони во интензивни судири околу последниот бунтовнички бастион во Сирија, соопштија руските и турските власти.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 50 сириски војници се убиени во близина на Идлиб во знак на одмазда за воздушните напади во кои загинаа двајца турски војници, а петмина се ранети.

Разговорите меѓу Москва и Анкара, кои поддржуваат различни страни во сириската деветгодишна војна, не успеаја да постигнат компромис и да ја надминат директната конфронтација во провинциите Алепо и Идлиб.

Во исто време, високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди упати апел веднаш да прекине  непријателството за да се овозможи евакуација на стотици илјади бегалци во безбедната зона.

Денешните судири следуваат еден ден откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе започне воена операција против сириските владини сили, доколку не се повлечат од областите што ги држат бунтовниците.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Турција обезбедила артилериска поддршка на милитантите и дека притоа се ранети четворица сириски војници.

Руски воени авиони потоа ги нападнаа милитантите кои ги пробија владините позиции во две области во провинцијата Идлиб, овозможувајќи ѝ на сириската армија да ги одврати, соопшти руското Министерство.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе