ЕСМ ќе го преземе управувањето со Топлана Скопје Север, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) денес ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.

– Раководството на Топланата „Север“ денес во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.

Претходно АД ЕСМ објави дека испораката на топлинска енергија тече непречено и така и ќе продолжи и во следниот период, бидејќи за декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО.

Според Ковачевски, со ова се демантираат објавите дека утре ќе нема парно за скопјани и оти резерви на гас има само за уште денеск и нема нова набавка.

– Тоа не е точно, затоа што пред три дена ЕСМ имаше склучено договор за набавка на гас од „Макпетрол“ и за цел декември е обезбедно затоплување на градот Скопје, рече Ковачевски.

Тој информираше дека пристигнува опремата и се обезбедуваат дозволите за транспорт на 300 тони опрема – трансформатор од Турција, а привршуваат и ремонтите во ТЕЦ Осломеј кој треба да биде ставен во функција.

Завршуваат, како што соопшти, и работите на генераторот во ТЕЦ Неготино, кој исто така треба да биде ставен во функција.

-Владата има обврска прво да обезбеди затоплување на граѓаните на Град Скопје од две причини за да може да се загреат и второ електродистрибутивната мрежа на град Скопје е направена компатибилно со затоплувањето на централно греење. Ако не е централното греење и ако 60 000 домаќинства во неколкуте општини се приклучат на средства за затоплување тогаш ќе дојде до пад на електродистрибутивната мрежа во градот Скопје, укажа Ковачевски.

Тој порача граѓаните  да не се грижат бидејќи до крајот на годината се обезбедени средства за енергенси, а за надминување на енергетската криза се предвидени и во буџетот за 2023 година.

Повторно ја повика опозицијата да не ги блокира законите кои се однесуваат на енергетиката

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе