ЕУ и НАТО со порака до Трамп: Немате подобар сојузник од нас

Брисел, 10 јули 2018 (МИА) - ЕУ и НАТО денеска во Брисел потпишаа Заедничка декларација за соработка, а потписите ги ставија генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, престедателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и првиот човек на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Од заедничката прес конференција Туск му испрати порака на американскиот претседател Доналд Трамп кој ја доведува во прашање ефикасноста на НАТО, им се лути на европските сојузници поради недоволно учество во НАТО буџетот, се сомнева во соработката со ЕУ а на 16 јули се среќава со рускиот претседател Владимир Путин, јави дописничката на МИА од Брисел.

Туск ја сумираше пораката преку Твитер:

„Драги Доналд Трамп, САД нема и нема да има подобар сојузник од ЕУ. Ние трошиме во одбрана многу повеќе од Русија и исто толку колку и Кина. Се надевам дека немате сомнеж дека ова е инвестирање во нашата заедничка безбедност пто не може да се каже за трошоците на Русија и Кина“, напиша Туск на Твитер и твитот го заврши со „смајли“.

На прес конференција Туск беше уште поотворен:

-Мислете на ова кога ќе дојдете утре на самитот на НАТО и кога ќе се сретнете со Путин. Треба да знаете кој е вашиот стратешки пријател, рече Туск и потсети дека ЕУ беше првата која одговори позитивно на барањето на САД за поддршка по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година.

Јункер исто така подвлече дека НАТО и ЕУ се природни партнер и дека двете страни делат исти вредности како слободата и демократијата.

-НАТО е камен темелник на оваа соработка а ние знаеме дека треба повеќе да направиме, рече Јункер реферирајќи се на барањето на Трамп до европските сојузници да достигнат 2 отсто од нивниот БНП за одбрана што досега за многу земји не е случај.

Во Заедничката декларација двете страни ја потврдуваат важноста и потребата на соработката за безбедноста на нивните граѓани. За таа цел тие се обврзуваат дека ќе работат, во идните месеци, на воената мобилност, на борбата против тероризмот и на откажување од хемиско, биолошко и радиолошко оружје како и ризиците од нуклеарни ризици.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе