ЕУ најверојатно нема да ги заплени замрзнатите руски средства

ЕУ најверијатно нема да ги заплени замрзнатите руски средства, изјавија европски претставници, посочувајќи дека таквата одлука може да ја разниша финансиската стабилност на Унијата.

Поради руската инвазија на Украина, ЕУ, САД, Јапонија и Канада ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди долари руски средства. Околу 200 милијарди долари се блокирани на сметки во Европа, главно во белгиската клириншка куќа Euroclear.

Американските и британските власти предлагаат замрзнатите средства да бидат запленети и искористени за обнова на Украина разурната од војна и се надеваат дека лидерите на Г7 ќе го прифатат предлогот на состанокот кон крајот на февруари, дозна Reuters кон крајот на декември од три извори.

Во интервју за Reuters, европските претставници ја отфрлија оваа можност, објаснувајќи дека таа е законски премногу ризична.

„Главнината дел од рускиот имот нема да биде конфискуван. Членовите на ЕУ не се согласуваат по тоа прашање“, рече висок функционер кој има увид во разговорите, барајќи анонимност.

Во интервју за Reuters, министерот за надворешни работи на Луксембург Ксавиер Бетел рече дека е „многу претпазлив“ во врска со заплената.

„Замислете да донесеме политичка одлука дека тие милијарди ќе ѝ ги дадеме на Украина. И ако за шест месеци добиеме судска одлука дека не можеме да им ги дадеме (тие пари). Кој тогаш ќе плати за тоа?“, објаснува Бетел.

Како тоа би влијаело на еврото?

Покрај законитоста на ваквата невидена одлука, европските претставници се загрижени и за можните последици за еврото. Инвеститорите може да се повлечат од средствата во евра во страв дека нивните пари еден ден би можеле да бидат запленети.

Белгискиот министер за финансии Винсент ван Петегем, чија земја претседава со ЕУ до јули, е многу резервиран за можноста за запленување.

„Мораме да бидеме многу претпазливи во врска со таквиот предлог. Мислам дека е важно да може да се разговара само за предлог кој е правно сигурен и дека мора да избегнеме потенцијално влијание врз финансиската стабилност“, изјави Ван Петегем за новинарите во вторникот.

Белгиски Euroclear има „значајни“ средства во Русија, изјавија официјални лица. Москва би можела да го конфискува, а тоа би претставувало ризик за финансиската стабилност на таа клириншка куќа со големи последици.

Русија веќе предупреди дека би можела да возврати со конфискација на имотот на европските, американските и другите земји кои одлучуваат за таков чекор.

„ЕУ не може да го спаси Euroclear“, рече друг висок функционер. „Euroclear управува со милијарди и неговиот банкрот во голема мера би го надминал буџетот на ЕУ. Мораме да ги балансираме ризиците и профитот“, додаде тој.

Наместо да ги конфискува руските средства, владите на ЕУ најверојатно ќе го поддржат декемврискиот предлог на Европската комисија да се заплени само заработката од тие средства и да се остави главнината недопрена.

Ова, како што се проценува, би можело да генерира од 15 до 17 милијарди евра во следните четири години, кои би можеле да бидат префрлени во Украина, велат властите.

реклама
Прогласена најубавата плажа на светот

Прогласена најубавата плажа на светот

Read more
Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Најмалку 24 луѓе загинаа во железничка несреќа во Турција

Read more
Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Предобар за да биде вистински: Три знаци кои ги разоткриваат женкарите

Read more
Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Од автосалон, со ново Lamborghini право во дрво

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе