ЕУ не се откажува од преговорите со С. Македонија

Брисел, 17 ноември 2020 (МИА) – Германскиот министер за Европа и претседавач со денешниот министерски состанок на ЕУ, Михаил Рот, по денешната блокада за преговарачката рамка за земјава од страна на Бугарија порача дека ЕУ не се откажува да помогне да се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија и до крајот на оваа година да се усвои преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

По осумчасовен состанок, главно посветен на буџетот на ЕУ, министрите очекувано не успеаја да ја надминат бугарската блокада за преговорите со Северна Македонија, потврди вечерва Рот.

 – Бугарија се осврна на една точка која ја смета за важна, рече Рот.

– Минатата недела претседателството се обиде да ги приближи позициите, но не успеавме да ги убедиме да се согласат со преговарачката рамка. Во наредните денови или недели сигурно ќе се обидеме да го испратиме овој важен сигнал до Западен Балкан, тоа ќе зависи од волјата на двете страни да се усогласат, не е се само во наши раце, рече Рот.

Тој изрази задоволство што Бугарија и Северна Македонија продолжуваат да разговараат.

Запрашан што е точно „каменот за сопнување“ за Софија, германскиот министер потврди дека се работи за кратката форма на името (Северна Македонија) и референцата за македонскиот јазик. Покрај ова, рече тој, има и други билатерални прашања.

– Преговарачката рамка го одразува Преспанскиот договор и важни елементи од Договорот за пријателство, сега има отворени прашања од Бугарија, гледишта што треба да се разјаснат, неопходно е да имаме јаснотија на ниво на ЕУ, треба да се исцртаат некои линии, затоа што рамката треба да биде прифатена и од 27-те земји членки и од земјата што преговара, објасни Михаил Рот.

Тој понатаму одби да прејудицира што ќе се случува наредните недели, но потенцира дека до крајот на германското претседателство, односно до 31 декември, има уште време.

– Сега е средина на ноември, годината завршува на 31 декември и сите сакаме да имаме пријатен Божик така што ќе треба да се разјаснат некои работи, рече Рот, повикувајќи ги двете страни на храброст и добра волја како нешто што им е потребно и на ЕУ и на Западниот Балкан.

За Германија како претседавач, рече министерот Рот, е важно да се биде од помош во потрагата по разумно решение.

– Сакаме да го расчистиме патот што е можно повеќе, за да се одржи првата Меѓувладина конференција, рече Рот.

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, исто така потврди дека ЕУ не се откажува од решение до крајот на оваа година.

– Чувствуваме дека сме во последната линија за двете преговарачки рамки (со Албанија и Северна Македонија – н.з.) и ставање на процесите на цврста база, важно е да се удвојат напорите за решавање на споровите и да се изнајде договор за преговарачките рамки, сакаме одржување на првата Меѓувладина конференција што е можно побргу, рече Шефчович.

Што се однесува до Албанија, Рот истакна дека остануваат два клучни услови за усвојување на рамката со оваа земја, а тоа е изборниот законик и екипирање на Врховниот суд, кој се најде испразнет од судии по процесот на ветинг.

– Албанија е мала земја, и ќе треба време, и во поларизирана земја како Албанија има политички конфликти, тешко се постигнува консензус, рече Рот. истакнувајќи ја потребата за повеќе судски процеси, обвинители и пресуди.

реклама

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе