ЕУ попушти по протестите на земјоделците: Планираме да ги олесниме правилата

Европската комисија вчера предложи значително олеснување на правилата за животна средина на заедничката земјоделска политика, откако земјоделците протестираа низ ЕУ во последните месеци.

Новите правила на заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за периодот од 2023 до 2027 година на земјоделците им наметнаа низа правила насочени кон заштита на природата и биодиверзитетот, без кои тие не можат да добијат субвенции од европскиот буџет.

Новиот предлог сега има за цел да омекне некои од овие услови, а некои да укине. Предлозите многу брзо ќе бидат разгледани од Советот за земјоделство на следниот состанок на 26 март. Промената на правилата мора да ја одобри Советот, односно земјите-членки и Европскиот парламент.

„Целта е дополнително да се олесни административниот товар, да им се овозможи на земјоделците и земјите-членки поголема флексибилност во исполнувањето на одредени услови, без да се намалат амбициите за животната средина. Испраќаме јасна порака дека земјоделската политика се прилагодува на променливата реалност, додека останува фокусирана на клучниот приоритет за заштита на животната средина и прилагодување кон климатските промени“, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Комисијата, меѓу другото, предлага фармите со површина помала од 10 хектари да бидат изземени од контроли и казни во однос на еколошките услови. Околу 65 отсто од корисниците на европската земјоделска политика имаат помалку од 10 хектари, но тие сочинуваат само 9,6 отсто од вкупното обработливо земјиште во ЕУ.

Еден од условите против кој најмногу протестираа земјоделците беше најмалку четири отсто од обработливите површини да останат необработени или како непродуктивни површини (огради, насади, бари и сл.). Според новите предлози, тоа повеќе нема да биде задолжително, што значи дека нема да има казнување за оние кои нема да го исполнат овој услов, но за возврат ќе се охрабруваат оние што ќе го исполнат.

Се менува и обврската за засадување култура различна од претходната година на 35 отсто од обработливата површина. Сега, според новиот предлог, ова може да се замени со диверзификација на културите на таа површина.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе