ЕУ сака да го намали користењето на антибиотици

Министрите за здравство на земјите членки на Европската Унија на вчерашната средба во Луксембург усвоија препорака која има за цел да поттикне помала потрошувачка на антимикробни лекови и да ја намали потрошувачката на антибиотици за 20 отсто до 2030 година.

„Не можеме да ги игнорираме смртоносните закани што микроорганизмите отпорни на лекови ги претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната резистенција беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите од ЕУ алатки за следење и намалување на потрошувачката на антимикробни средства“, рече Јакоб Форсмед, шведскиот министер за социјални работи и јавно здравје.

Здравјето е ексклузивна надлежност на земјите-членки, затоа Советот на ЕУ не може да издава обврзувачки регулативи, туку препораки кои земјите-членки можат да ги спроведуваат на доброволна основа.

Што вели препораката на Советот?

Препораката е фокусирана на превенција и контрола на инфекции, надзор и мониторинг, иновации и достапност на ефективни антимикробни средства, претпазлива употреба и соработка меѓу земјите-членки и на глобално ниво.

Во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), препораката поставува неколку цели на ЕУ кои треба да се исполнат до 2030 година.

Станува збор за намалување од 20 отсто во вкупната употреба на антибиотици кај луѓето, ефикасна употреба на антибиотици, така што најмалку 65 отсто од вкупната употреба на антибиотици е ефективно и намалување на инфекциите со три клучни бактерии отпорни на антибиотици, најмногу во болниците.

Антимикробните средства се лекови од критична важност. Меѓутоа, поради нивната прекумерна и неправилна употреба со текот на годините, антимикробната резистенција е зголемена, што значи дека антимикробните средства ја губат својата ефикасност. Затоа е сè потешко или невозможно да се лекуваат инфекциите.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе