ЕУ утре ќе ги отвори границите за 15 земји, но не и за С. Македонија

Советот на ЕУ ја донесе одлуката за влез на граѓани од трети земји на територијата на ЕУ од 1 јули.

И покрај препораката на Европската комисија да им се даде зелено светло на сите земји од Западниот Балкан за влез во ЕУ од 1 јули, земјите членки се согласија да дозволат постепено укинување на рестрикциите само за граѓаните на Србија и Црна Гора. Северна Македонија не ги исполнува критериумите за патување на нејзините граѓани во ЕУ.

Зелено светло добија и Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Северна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

Списокот на земји ќе се ревидира секои две недели врз основа на епидемиолошката состојба во секоја од нив.

Што се однесува до Кина, Европската Унија ќе прифати отворање на границите доколку дозволата биде взаемна.

Критериумите врз кои се донесе оваа одлука се епидемиолошката состојба, мерките на заштита како физичката дистанција, како и економски и социјални параметри, објаснуваат од Советот на ЕУ.

За да добие право да патува во ЕУ, епидемиолошката состојба на една земја треба да исполнува три критериуми: бројот на нови случаи на COVID-19 во последните 14 дена на 100 илјади граѓани да биде сличен или помал од ЕУ просекот; земјата да покажува намалување или стабилизација на кривата во последните 14 дена, и третиот услов е начинот на кој земјата се справува со COVID-19 во смисла на достапните информации и нивната веродостојност, тестирањето, следењето на контактите, како и третманот.

Брисел процената ја темели врз информациите што ги добива од делегациите на ЕУ на терен.

За Северна Македонија и другите земји кои остануваат на црната листа важат неколку исклучоци: државјанин на земја на ЕУ и неговото семејство, лица со долгорочен престој во ЕУ и семејството, и се разбира есенцијалните работници како медицинските лица.

Истите правила важат за целата Шенген зона.

Иако оваа препорака на Советот не е правно обврзувачка за земјите членки, и секоја од нив има право да донесе сопствена национална одлука, Советот оценува дека, што се однесува до третите земји за кои не е дозволен влез во ЕУ, земјите членки на ЕУ не треба да донесуваат различни одлуки без да се координираат со останатите земји на Унијата. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе