ЕУРО 2016: Исландската бајка трае

Исланд направи сензација на Европското првенство, ја совлада Англија со 2-1 и избори пласман во четвртфиналето, каде ќе игра против Франција.

Исланд на стадионот во Ница, уште еднаш покажа дека не случајно во квалификациите заврши пред Чешка, Турција и Холандија и дека недостигот на индивидуален квалитет против реномирани противници, може да го надомести со тактичка дисциплина и фанатична борбеност.

Тимскиот дух на Исланѓаните на „своја кожа“ го почувствуваа фаворизираните Англичани, во чии редови настапуваат неколку ѕвезди на светскиот фудбал, а еден Рахим Стерлинг на фудбалскиот пазар вреди два и пол пати повеќе од целата исландска селекција.

Во Ница искусниот Ларс Лагербек, на својот врсник Рој Хоџсон му одржа тактичка лекција и само го потврди она што го констатира пред мечот, дека никогаш не загубил од Англија.

Не само тактичката поставеност на Исланд, туку и самиот Хоџсон придонесе за дебаклот на англиската репрезентација, која со играта не импресионираше ниту во групната фаза.

Хоџсон слепо им веруваше на Стерлинг и Кејн, кои одиграа катастрофално на овој шампионат, а доверба имаше и во Вилшир, кој сезонава одигра нецели 200 минути во Премиер лигата.

Неразбирливо е англискиот селектор да не му верува на играчот на сезоната во Премиер лигата, Варди, на тинејџерот Рашфорд, а да биде убеден дека Руни може да ја организира играта.

А почетокот на натпреварот не навестуваше англиски дебакл, Холдорсон во четвртата минута непотребно го сруши Стерлинг, Скомина покажа пенал за Англија, а Руни беше сигурен реализатор.

Но во следниот напад Исланѓаните ја изиграа англиската одбрана, а топката од аут заврши пред голот на Харт и Рајнар Сигурдсон ја смести во мрежата за 1-1.

Исланд направи пресврт во 19.минута, откако Англичаните им дозволија на противниците да комбинираат на 16 метри од нивниот гол, топката стигна до Сигтерсон, кој шутираше, а лошата реакција на Харт доведе до 2-1 за Исланд.

До крајот на мечот Исланд најчесто се бранеше, но и имаше две големи шанси порано да го реши победникот. Англичаните напаѓаа, Хоџсон направи неколку промени кон крајот на дуелот, но тоа не им помогна да стигнат до израмнување и евентуални продолженија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе