Европа имала случај на коронавирус „уште во декември“

Пациент кој се лекувал во болница во близина на Париз на 27 декември 2019 година, суспектен за пневмонија, всушност имал коронавирус, тврди неговиот доктор.

Ова значи дека вирусот стигнал во Европа речиси еден месец порано отколку што се мислеше досега.

Доктор Ив Коен вели дека неодамна го тестирале за COVID-19  примерокот што му бил земен на пациентот тогаш и резултатот е позитивен. Пациентот, кој сега е оздравен, рекол дека нема поим како би можел да се зарази и дека не патувал во странство.

Сознанието кога дошол првиот случај на коронавириус во Европа е од клучно значење за да се сфати како се ширел вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека е можно допрва да се дознава за други рани случаи на заразени, а портпаролот на организацијата Кристијан Линдмаер ги повика земјите да ги проверат податоците од слични случаи со цел да се добие појасни слика за епидемијата.

Француското Министерство за здравство за BBC соопшти дека Владата е во постапка на потврдување на случајот и дека ќе бидат спроведени дополнителни истраги ако е тоа потребно.

Франција не е единствената земја каде со подоцнежно или повторено тестирање на претходни случаи е потврдено присуство на коронавирусот. Пред две недели беше направено пост мортем тестирање на пациент во Калифорнија што откри дека првиот смртен случај поврзан со COVID-19 во САД бил речиси еден месец порано отколку што се сметаше досега.

Дали е можно коронавирусот да циркулирал во Европа уште од крајот на 2019 година, недели пред да биде официјално регистриран првиот случај на континентот и да биде прогласена опасност од пандемија?

Ова најново сознание укажува дека одговорот е да, и тоа значи дека ширењето на болеста се одвивало во Европа незабележано, додека сите очи беа вперени на Исток, во Вухан – градот во Кина кој се смета за епицентар на пандемијата.

Овие нови сознанија сега единствено може да помогнат да се добие појасна слика за ширењето на вирусот и да се подготват механизми за заштита во иднина.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе