Отворена новата ребрендирана продавница во ГТЦ

„Европа“ врти нова слатка страница во својата историја

Чоколади, вафли, бонбони, чоколокум, крем банани, голем број генерации израснаа со препознатливите производи од македонската „Фабрика за задоволства“ АД ЕВРОПА која е позната по својата традиција во создавање на уникатни слатки што го освоија срцето не само на домашните купувачи, туку и пошироко. Приказната што започна во 1882 година постојано се надградува со највисоко ниво на квалитет, а оваа година таа приказна врти нова слатка страница.

Сè започна во 1882 година со отворањето на шеќерскиот дуќан ЕВРОПА во Скопје. Од скромни почетоци со дневно производство од 250 килограми и пет вработени, еден од најстарите кондиторски производители на Балканот прерасна во голема модерна фабрика, чии производи денеска се извезуваат во 25 земји и претставува вистински сладок амбасадор на нашата земја.

ЕВРОПА особено се истакнува по оригиналната рецептура што стои зад секој производ, при што се употребуваат најквалитетни суровини и постојано се следат законските регулативи. Така, оваа година направена е замена на редовната палмина маст со палмина маст со помало присуство на GE (Glicidyl Esters) до 1ppm/kg  согласно законските процедури на ЕУ кои стапија на сила од 30.09.2018г.  

Како компанија која ги следи и креира трендовите, ЕВРОПА во својот асортиман неодамна внесе нови производи, како што се малите чоколади и вафли МИНИ и чоколадните десерти МИНТИ, кои веднаш го освоија пазарот. Специјализираните продавници се уште еден доказ за заложбите на ЕВРОПА да ги задоволи потребите на потрошувачите, но настојувањето за усовршување, надградба и промени не застануваат тука, а показател за тоа е отворањето на новата ребрендирана продавница во ГТЦ.

Отворањето на продавницата на едно место собра љубители на слатки задоволства од различни генерации и претставуваше одлична шанса за дегустација на производите на ЕВРОПА.

„ЕВРОПА е компанија која постојано се труди да ги задоволи вкусовите на своите потрошувачи. Оваа година одлучивме да направиме чекор кон иднината и да свртиме нова слатка страница, а како навестување за промените што ќе следат е отворањето на продавницата во ГТЦ, која е израз на духот на традицијата содржан во квалитетот на производите уште од 1882 година, како и на современите трендови кон кои постојано се стремиме. Уште еден показател за промените е  редизајнот на нашите топ 15 производи на што работиме во моментов. Нашите потрошувачи ги очекуваат многу убави изненадувања од нашата „Фабрика за задоволства“, изјави на отворањето директорката на ЕВРОПА, Марика Караџова.

Погледнете како помина отворањето на новата продавница на ЕВРОПА во ГТЦ и повелете во новиот современ простор каде можете да се снабдите со највкусните чоколади, вафли, бонбони, локум и останати производи од „Фабриката за задоволства“.

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе