Европол: Можни се нови напади од ISIS во Европа

Европол предупреди дека Исламска држава најверојатно ќе изврши нови напади на територијата на Европската унија, веројатно целејќи на членките на коалицијата предводена од САД која се бори против екстремистичките организации во Сирија и во Ирак.

„Податоците на поединечни разузнавачки служби укажуваат дека постои можност во Европа во моментот да се наоѓаат десетици лица поврзани со ISIS, кои се способни да извршат терористички напади“, се наведува во извештајот на Европол.

Извештајот е изработен врз основа на податоците на разузнавачките служби, извештаите во медиумите, како и повиците на лидерите на ИС за напади, пренесува AP.

Европол укажува дека ИД има големо влијание на маргинализираната младина, од кои некои имаат ментални проблеми и лесно се убедуваат да извршат напад.

Се укажува и на тактиката која групата ја користи во Ирак и во Сирија, како што се автомобил-бомбите и предупредуваат дека тоа може да се примени и во Европа.

Нападите во Белгија и во Франција во последните две години покажуваат дека екстремистите кои делуваат во име на ИС може ефикасно да планираат сложени напади, констатира Европол.

Се истакнува и дека екстремиситите сега бираат „помеки“ мети, место симболични, како што се војската и полицијата, за што е доказ ланскиот напад во Париз.

Европол наведува дека случајните напади имаат големо влијание во јавноста и дека со тоа се остварува основната цел на тероризмот – заплашување на народот.

Во извештајот се наведува дека европските разузнавачки служби се на мислење дека „сајбер способностите на терористите сè уште се на ниско ниво“, но не треба да се исклучат.

реклама

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе