Европската комисија претстави план за намалување на потрошувачката на гас

Европската комисија денеска го претстави планот „Штедете гас за посигурна зима“, кој предвидува намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти во периодот од 1 август годинава до 31 март 2023 година.

Европската Унија се соочува со опасност од натамошно намалување на протокот на гас од Русија, кој Кремљ го користи како оружје, а речиси половина од земјите-членки веќе се погодени од намалените испораки.

Оттука, Комисијата посочува дека е потребно навреме да се делува, веднаш да се преземат чекори со цел значително да се намалат ризикот и трошоците за Европа во случај на натамошни нарушувања во снабдувањето со гас. Планот за намалување на потрошувачката на гас предвидува сите потрошувачи, домаќинствата, јавната администрација, сопствениците на јавни згради, производителите на енергија и индустријата да преземат мерки во оваа смисла на доброволна основа.

Комисијата предлага нова регулатива за координирано намалување на побарувачката на гас, која ќе постави цели за сите земји-членки да ја намалат побарувачката за гас за 15 отсто од 1 август 2022 година до 31 март 2023 година.

Предлогот за регулатива ѝ дава можност на Комисијата, по консултации со земјите-членки, да прогласи тревога на ниво на Унијата, што би наметнало обврзувачко намалување на потрошувачката на гас за сите земји-членки. Таква вонредна состојба може да се прогласи во случај на голем ризик од недостиг на гас или исклучително висока побарувачка за гас.

Комисијата, исто така, ги повика земјите-членки да започнат јавна кампања за подигање на свеста за потребата од намалување на греењето и ладењето. Земјите-членки би можеле, на пример, да утврдат дека јавните згради се загреваат за неколку степени помалку или дека интензитетот на ладење е намален во текот на летните месеци.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе