Фабио Капело: Роналдо и Меси покажаа дека немаат никаква почит кон ФИФА

Славниот италијански стратег Фабио Капело ги искритикува Лионел Меси и Кристијано Роналдо поради фактот што тие не се појавија на церемонијата на ФИФА на која се доделуваше наградата за Најдобар играч во светот.

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, ја освои наградата за Најдобар играч во светот, а во најтесната конкуренција влегоа уште и Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, кои завршија последователно втор и трет.

На синоќешната церемонија учествуваше скоро целиот светски фудбалски врв, со исклучок на двете главни ѕвезди на овој спорт – Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Поради нивното отсуство, Фабио Капело упати сериозни критики во нивна насока.

„Фактот што ниту еден од нив двајца не се појави на церемонијата е доказ дека тие немаат никаква почит. На доделувањето на Оскари сите номинирани доаѓаат на церемонијата, без разлика дали ќе бидат наградени или не. Можеби тие двајца премногу пати ја добија оваа награда, па сега не сакаат да гледаат како ја губат“, изјави Капело.

Годинава за првпат по десет години наградата Играч на годината ја доби некој фудбалер кој не е Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Двајцата поделија по 5 вакви награди во изминатите 10 години.

„Кога губиш мора да бидеш грациозен исто како кога победуваш“, додаде Капело.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе