Фатална грешка на пилотот ја предизвикала трагедијата во Колумбија

Пилотот на авионот кој се урна во Колумбија пред полетувањето од Боливија бил предупреден дека нема да има доволно гориво за да го заврши летот, пренесува BBC. Пилотот, бидејќи летот доцнел, решил да го прескокне планираното полнење со гориво, што на крајот резултираше со трагични последици.

Авионот со 77 луѓе се урна во близина на Меделин, во него беа и фудбалерите на Шапикоенсе. Осумнаесет фудбалери и тренерот ги загубија животите, а преживеаја тројца фудбалери.

Според планот кога авионот полетал од Боливија на пат кон Меделин, тој требало да слета уште еднаш во градот Кобија, кој се наоѓа на границата помеѓу Перу и Бразил, а потоа да се упати кон крајната дестинација, градот Меделин во Колумбија.

Бидејќи летот доцнел, пилотот решил да не дополнува гориво во Кобија, што доведе до негово рушење на неколку милји од аеродромот во Меделин.

Инаку сè започнало кога бразилскиот тим морал да лета од Боливија до Колумбија, бидејќи според прописите на бразилските органи на цивилното воздухопловство, тие не можеле да изнајмат чартер од Бразил. Според бразилските прописи чартер компании кои не се регистрирани во Бразил не можат да полетуваат и слетуваат на аеродромите во оваа земја.

Поради тоа фудбалскиот тим тргнал од Сао Паоло во Санта Круз де ла Сиера во Боливија, од каде со чартер на компанијата „Ла Миа Ерлајнс“ требало да се упати за Колумбија. Меѓутоа авионот на боливиската авио компанија со кој полетале од Сао Паоло доцнел повеќе од еден час, поради што чартерот „Ла Миа Ерлајнс“ не стигнал да дополни гориво во Кобија.

Бразилскиот весник „О Глобо“ пишува дека бидејќи не бил во можност да дополни гориво, пилотот Мигел Кирога решил до „врв“ да го наполни резервоарот и да се упати директно кон Меделин, со што би скратил еден час од времето кое било загубено.

Шефот на Одделението за безбедност во авионскиот сообраќај, Фреди Агудсто Бонила, претходно изјавил дека со голема доза на сигурност може да каже дека во моментот на уривањето во авионот немало гориво колку што е предвидено со правилата на меѓународниот сообраќај.

Истрагата која ќе ги открие причините за падот на авионот се очекува да трае околу еден месец, а дотогаш на компанијата „Ла Миа Ерлајнс“ ѝ е одземена дозволата за работа. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Свет

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе