Фаучи: Не сум задоволен од развојот на ситуацијата, отворањето на училиштата може да има катастрофални последици

Повеќе од 1.000 Американци ги губат животите од новиот коронавирус секој ден во изминатите две недели, а Центрите за контрола на болести предвидуваат дека бројот на смртни случаи би можел да достигне 200.000 до почетокот на септември.

Д-р Ентони Фаучи, водечки американски епидемиолог, изјави дека „не е задоволен од развојот на ситуацијата“ и повторно предупреди дека отворањето на училиштата може да има катастрофални последици.

Фаучи вели дека за да се отворат училиштата, „заедниците треба да ја задржат стапката на инфекција под 10 проценти“ и дека мерењето на температурата не е сигурен начин за преглед.

Во разговор во живо на Facebook со гувернерот на Род Ајленд, Џина Рајмонд, Фаучи рече дека часовите треба да бидат на отворено колку што е можно повеќе, прозорците треба да бидат отворени во училишните автобуси и учениците треба да носат маски колку што можат повеќе.

„Излегувајте надвор колку што можете повеќе. Ако ги погледнеме собирите каде што вирусот се шири масовно, тие беа скоро секогаш во затворен простор“, рече тој, потсетувајќи на жариштата на инфекцијата во домови за стари лица, магацините, затворите, како и свадби и другите социјални настани.

Фаучи, кој беше интервјуиран во живо на Instagram од актерот Метју Меконахи, вели дека Американците треба да избираат меѓу забавите ова лето и учебната година. „Дали сакате да отворите барови или училишта?”

Вo САД дебатата околу отворањето на училиштата продолжува.

Во училиштата што веќе се отворија, проблемите брзо се појавија – најмалку 2.400 ученици и наставници се ставени во карантин во шест сојузни држави.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе

ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарни 312.070 граѓани

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

Читај повеќе
  • play_arrow

Си Џинпин: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Читај повеќе

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Читај повеќе