Повеќето кои упаднаа во Конгресот во Вашингтон се веќе идентификувани, но ФБИ има проблем со еден знаменосец.
Се работи за човекот кој го носеше конфедеративното знаме, симбол на американските патриоти, но кое за многу други значи симбол на расната поделба во САД.
„ФБИ Вашингтон бара помош од јавноста за идентификување на лицето кое направи противзаконски упад во американскиот Конгрес на 6 јануари“, објави ФБИ на својот официјален Twitter профил.
Знамето на Конфедерацијата од Граѓанската војна во САД во домот на демократијата предизвика бес кај многумина, па оттаму произлегоа и изјавите на демократите дека протестите за поддршка на Трамп се дело на расисти.
ФБИ веќе го уапси најбараниот лик кој со копје и рогови на главата стана хит на интернет. Се работи за Џејк Анџели од Феникс, Аризона.