Фенг шуи совети: Што треба да фрлите за да бидете посреќни?

Просторот во кој го поминуваме денот во голема мера влијае на нашето расположение, па затоа е многу важно да го уредиме на начин што ќе ни ја зголеми удобноста и уживањето.

Фенг шуи (или фенг шуеј) е древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Зборовите „фенг шуи“ буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски.

Во модерното живеење, фенг шуи се толкува како праксата на уредување на предметите во просторот со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели.

Според фенг шуи, просторот во кој живееме треба да биде прозрачен, уреден во светли бои, со удобен мебел. Треба да се избегнува блокирање на вратите и „пресекување“ на отворениот простор со столбови.

Расчистете ги полиците и фрлете ги непотребните работи што само ви зафаќаат простор, а не ги користите или немаат никаква емотивна важност за вас.

Особено треба да обратите внимание на оштетени предмети кои може да влијаат на вашата продуктивност и чувство на среќа. Расипано ѕвонче на вратата, на пример, според фенг шуи може да го спречи посетувањето на вашиот дом и да ги блокира позитивните работи што доаѓаат кон вас.

Поправете ги плакарите, фрлете ја облеката што ја чувате со години без некаква посебна причина. Со расчистувањето на плакарите и полиците, ви всушност расчистувате со минатото и се ослободувате од негативни сеќавања и заостанати емоции.

Ако сликите и фотографиите на ѕидовите ви се наместени на криво или премногу ниско, исправете ги и поставете ги повисоко. Ниско поставените слики со себе ја влечат енергијата и расположението во просторијата според фенг шуи.

Исто така се препорачува креветите секогаш да имаат ногарки за да не лежат директно на подот.

Отворете го просторот, редовно проветрувајте го и ставете повеќе билки и растенија во вашиот дом. Дозволете му на просторот да дише, а така и вие полесно ќе дишете.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе