Филипче: По 30 илјади денари за 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Клиничката болница во Штип, истакна дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари.

– Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите вработени во јавно-здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со COVID-19, ќе добијат еднократна награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои ќе добијат по 30 илјади денари, посочи Филипче.

Во Штип почна поставувањето на модуларната болница лоцирана во близина на детскиот одделение во рамки на Клиничката болница во Штип. По тој повод министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети таа јавна здравствена установа по што изјави дека во модуларната болница ќе има 42 кревети.

– Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата, таму каде дефиниравме дека е приоритет. Штип е еден од градовите заедно со Гевгелија, Кичево, Струга. Понатаму, следуваат Струмица и Куманово. Ова е еден модел кој го правиме со помош на Светската банка, која уште на почетокот на кризата излезе во пресрет и со значајна финансиска поддршка ни помогна да го реализираме проектот. За жал, на почетокот на кризата, за време на техничката влада се соочивме со една неразумна блокада од опозицијата која успеа да го одложи проектот, но секако не и да го спречи. Ова е нешто што како проект ќе даде значајно полесен пристап на пациентите кои се заболени од ковид-19 и повисок степен на квалитет на лекување, проект којшто го спроведуваме на територија на целата држава, изјави Филипче пред модуларната болница.

Модуларните болници, посочи, се опремени со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни дигитални рентген апарати, ЕХО апарати. Потенцира дека инфективните одделенија насекаде во развиените земји, во развиените болници се физички одделени од останатиот болнички капацитет со цел останатите други оддели да останат целосно чисти.

– Со поставувањето на оваа модуларна болница во Штип се добива уште една предност, а тоа е веќе потпишаниот договор за целосно реновирање на сегашното инфективно одделение, благодарение на проектот на Европската Унија за меѓугранична соработка. Овој проект го одложивме затоа што сега таму се сместени голем број пациенти и практично ќе продолжи да се спроведува кога пациентите ќе се префрлат во оваа модуларна болница, што очекуваме да се случи некаде на крајот на месец јануари. Со една одредена динамика веќе продолжува да се прави фасадата, скоро е целосно завршена, а интензивно работиме на начинот да се забрзаат активностите, нагласи министерот Филипче.

Во врска со болницата, појасни дека со една одредена динамика продолжува да се прави фасадата, скоро е целосно завршена и во периодот кој следи ќе се забрзаат работите.

– Инвестираме во инфраструтура, во медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. Сега пред новогодишните празници сите вработени во јавно здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19 ќе добијат еднократна парична награда. Станува збор за 7600 вработени во јавното здравство кои по 30 000 денари, додаде Филипче.

Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев рече дека ставен е во функција оддел на дерматоверорологија каде има полесни случаи, а од пред неколку дена на одделот за интензивна нега кај анестезија ставиле дополнителни шест кревети кои се за интензивен третман, значи 24-часовен мониторинг за исклучително тешки пациенти.

„Со тоа ќе му олесниме на персоналот на инфективното одделение кој е истоштен овие девет, десет месеци, а ќе пружиме третман и помош на пациентите со тешка клиничка слика. Од почетокот на пандемијата до денес имаме над 70 кревети каде ги третираме болните, а првобитната проекција беше 35 до 40. Оваа модуларна болница ќе ни биде од помош и покрај тоа што ќе ги прошириме капацитетите ќе успееме во наредниот период да почнеме со долгоочекуваната реконструкција на зградата на инфективниот оддел“, додаде Ѓеорѓијев. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Македонија

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Read more

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе