Филипче: Порастот на бројот на новозаболени се должи на непочитување на мерките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека порастот на бројот на новозаболени случаи со COVID-19 се должи на непочитувањето на мерките.

– Ние бевме свесни дека доаѓа период – есенски месеци кога ќе имаме пациенти кои можно е да го преоптоварат здравствениот систем. Уште тогаш предвидовме дека е потребна рестрикција, рестриктивни мерки и го најавивме на почетокот на месец септември. Ова е план што има и дополнителни мерки кои сметаме дека засега не треба да се воведуваат, но ја следиме ситуацијата. Имаме предвид дека доаѓаат и поладни денови, кога граѓаните треба да се штитат и од настинка, и од грип, кога воздухот ќе биде загаден. Сето тоа се работи кои може да го оптоварат здравствениот систем. Мора граѓаните да се свесни дека штитејќи го сопственото здравје им помагаат на здравствените работници и здравствениот систем, истакна Филипче.

Во однос на работата за угостителските објекти, Филипче информираше дека во периодот кога се попуштаа рестриктивните мерки имаше соработка со сите чинители во многу економски оператори, компании кои тогаш не работеа и постепено се враќаа во функција.

Додава дека препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со COVID-19. Трансмисија на вирусот, истакнува Филипче, се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави.

– Мерките беа димензионирани така да секогаш разговаравме со чинителите, затоа што секоја струка има по некоја специфика. И тие епидемиолошки принципи на медицинската наука секако дека важат за сите, меѓутоа имајќи ги во предвид спецификите сакавме и нив да ги слушнеме, што е тоа што и тие сметаат дека ќе се соочуваат со проблеми за време на функционирањето. И така беше и со музичарите, јавните настани, организаторите на настани. Донесовме протоколи за работа на затворено, на отворен простор итн. Со што се соочивме, многу конкретно – во изминатиот период значајно зголемување на бројот на заразени во возрасната група на третата и четвртата декада. И од увидот во епидемиолошките прашалници во огромен процент, од настани во коишто мерките за жал не се почитувале. И тоа е нешто што сега се случува во регионот, цела Европа. Сведоци сме на голем број на случаи во Франција, Австрија, Шпанија, Велика Британија – насекаде се истите трендови, посочи Филипче.

Тој потенцира дека во состојбата со капацитетите во болниците е стабилна и има доволен број на слободни болнички кревети.

– Имаше период пред две до три недели кога инфективните одделенија ширум државата беа навистина исполнети. И во Гостивар, Охрид, Битола, Штип, Куманово, Струмица. Немаше ниту едно слободно место. И пациентите се носеа во Скопје. И во тој период исто како и сега, инфективните одделенија во болницата „8 Септември“ и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не беа преполнети. Исто и сега, се намали притисокот во инфективните одделенија ширум државата. Тој притисок којшто се јави пред две недели на некој начин спласна. Добар е капацитетот, имаме слободни болнички кревети, рече министерот Филипче. 

реклама

Македонија

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Read more

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Read more

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Read more
 

Вести

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна, прашањето ќе го покрене на Самитот на НАТО

Читај повеќе

Убиство во Боговиње – убиецот ја застрелал жртвата, а по 15 минути бил фатен од полицијата

Читај повеќе

Со автомобили удрени 3 пешаци за еден ден – едниот од возачите побегнал од местото

Читај повеќе

СЗО: До 2025 година ќе склучиме глобален договор за пандемиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокатката на Трамп: Ништо не се менува, тој останува во трката за Белата куќа

Читај повеќе

Сончево време, попладне наместа со дожд и грмежи

Читај повеќе

Голема полициска акција во Скопје за дрога: приведени 28 лица, двајца се во притвор

Читај повеќе

Градски паркинг од денеска со летно работно време на паркинг зоните

Читај повеќе