Филипче: Се предлага полицискиот час да трае две недели

Се предлага полицискиот час да трае две недели колку еден епидемиолошки циклус, тогаш кога очекуваме да има вистински резултат. Можеби ќе има измена на таа препорака.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој во образложението на донесувањето на предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава рече дека евидентно било дека во изминатите десет дена бројот на заболени се зголемува.

– Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив нa пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а ние гледаме тука во Скопје има секојдневно сè поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники. Тоа го организиравме денеска во текот на утрото како што беше во ноември, посочи Филипче.

Ударот кон болниците во смисла на прилив на нови пациенти, потенцира министерот, не е така нагол, како што беше на почетокот на ноември и тоа е една значајна разлика без оглед на зголемувањето на инциденцата.

– Многу е тешко сега да се каже дали ќе продолжи тој тренд или ќе се достигне некое плато односно дали бранот кој сега се јавува ќе биде идентичен на тој во ноември. Тука има поделени мислења на епидемиолозите. Но, ние мора да сме внимателни и спремни и во таа смисла препораката на Комисијата за заразни болести е да има ограничување на движењето после 22 часот поради тоа што сметаат дека има групирање после затворање на угостителските објекти без почитување на превентивните мерки на јавни површини, простори итн., додаде Филипче.

Тој рече дека освен предлогот за воведување полициски час засега нема да препорачаат други мерки, како што е одложување на пописот.

-Засега не, сакаме да го ублажиме овој тренд на зголемен прием на пациенти кон болниците, така што гледаме и нови мерки и други препораки будно ја следиме состојбата. Засега освен ова не препорачуваме ништо друго, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат одложување на полицискиот час.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Македонија

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Read more

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе