Филипче: Се соочуваме со пикот, нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради КОВИД-панедмијата. Како што рече по отворањето на модуларната болница во Прилеп, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.

-Видовме и дека многу потешка рестрикција едноставно не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект. А како го гледаме резултатот од тоа што ние што го препорачавме во смисла да нема експоненцијален раст на бројот новозаразени што би значело огромен притисок кон болниците што не би можеле да го издржиме, а тоа ние го немаме со дополнителна преадаптација на кревети. Секој пациент добива здравствена услуга и во таа смилса дури и денешната сегашна бројка од околу 1.200 укажува на тоа дека имаме некаква форма на плато, напомена министерот, одговорајќи на новинатрски прашања.

Филипче потенцира дека благодрение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот КОВИД-удар.

-Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита за што морам да им се заблагодарам и да им честитам на пожртвуваната и посветена работа. Тоа значи дека во секоја болница, па и тука во Прилеп се прави планирање на дневна основа, но и среднорочно во смисла на тоа кои одделенија ќе бидат преадаптирани, дококу е потребно и доколку дополнитлено се зголемува бројот на пациенти, подвлече Филипче.

реклама

Македонија

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе