Филипче: Ситуацијата е стабилна, не се планираат дополнителни рестриктивни мерки

"Кај нас ситуацијата е прилично стабилна, на тоа упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием, а во исто време има и мал број на прегледи во болница за прием и мал прием на преглед во болниците. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа", изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина.

Филипче најави дека во оваа ситуација, во овој следен период што е пред нас, како што рече, не планираат никаква рестрикција, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик.

– Но, морам да потенцирам, будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот. Продолжуваме со овие мерки и продолжуваме да ја пратиме ситуацијата, изјави меѓу другото Филипче.

Тој информира дека в петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“. Оваа недела, најави, ќе бидат проследени  четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

– Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години. Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки, рече министерот Филипче.

Додаде дека има доволно количини на вакцини, а имаше, подвлече и минатата недела.

– Со истата динамика продолжува и оваа недела. Значајно ќе се зголеми бројката на почетокот на следната недела кога очекуваме да стигнат поголема количина на вакцини, рече Филипче.

Во однос на индискиот сој, истакна министерот Филипче, нема сè уште прецизни податоци.

– Сè уште нема доволни испитувања каде било во светот за да знаеме точно каков е ризикот за заболување, дали лицата коишто се вакцинираат имаат ризик да заболат. Тоа што досега се знае е дека ризикот да заболат лицата кои се вакцинирани е навистина мал. Но, во исто време и дека вакцината штити од тешка форма на болест од смртност дури и кај оваа форма на вирусот. Има некои публикации сега, излегуваат и некои други од западноевропските земји, меѓутоа, се уште е рано да со сигурност се тврди нешто во врска со ова прашање, појасни тој.

Уште еднаш повтори дека во овој временски период нема дополнително да препорачаат рестрикција за да се спречи евентуално ширење на индискиот сој, во моментот имаат информации дека само две земји Велика Британија која што ги успори процесите на олабавување на мерките и Португалија која што е единствена земја која што има некаква дополнителна рестрикција. Сите други, потенцира,вклучувајќи ги и сите земји кај нас во регионот одат кон попуштање на рестриктивните мерки.

Се осврна и на тоа дека минатата недела во рамки на Берлинскиот процес, имале состанок на  министрите на сите земјите од Западен Балкан, на кој се дискутирало дека епидемиплошката ситуација спласнува. 

реклама

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Македонија

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more
 

Вести

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе