Филипче: Со донацијата на вакцини против COVID-19 од Бугарија за кратко ќе ja почнеме вакцинацијата

Владата на Република Бугарија на денешната седница донесе одлука од секоја колична вакцини против COVID-19, која стигнува во таа држава, една одредена количина да биде наменета за нашите граѓани и тоа да биде во форма на донација. Со ова ние практично стигнуваме до вакцините со истата временска динамика со која стигнуваат и земјите членки на ЕУ.

– Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70 отсто од населението, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој се обрати на седницата.

Министерот Филипче беше во Софија на покана на бугарскиот премиер Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов. Република Бугарија од секоја пратка вакцини против COVID-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Pfizer, потоа на Moderna, па на AstraZeneca, соопшти Министерството за здравство.

– Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините како и земјите од ЕУ, посочи Филипче.

– Ова го правиме со чисто срце без никакви задкулисни намери, го правиме за нашите најблиски соседи. Се надевам дека следната година со Захарева и Каракачанов ќе пронајдеме заедничко решение за интегрирањето на Северна Македонија во Европската Унија, како што ја подджавме и за НАТО. Така што не се случи ништо страшно, прашање на политичка волја и од двете страни е да стигнеме дотаму, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната владина седница.

Бугарскиот министерот за здравство Костадин Ангелов посочи дека целта на оваа одлука е постигнување солидарност во услови на излегување од кризата, која ја предизвика пандемијата.

– Имаме можност за препродажба и донирање на вакцини против COVID-19. Во таа смисла по покривањето на националните потреби и потпишувањето на соодветните спогодби, ќе обезбедиме вакцини за граѓаните на Република Северна Македонија, нагласи Ангелов.

Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земка обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји-членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја ѝ понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговара и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив, потенцираат од Министерството за здравство.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе