Филипче: Соочени сме со бран посилен од првиот, сите да дадеме придонес за спречување на ширењето на COVID-19

Во моментов нашата земја е соочена со бран на вирусот посилен од првиот како последица на олеснување на рестрикциите, но повеќе како последица на една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете. Многупати досега ја упатувам пораката до граѓаните дека ова се универзални мерки насекаде во светот и во моментот единствениот начин да се заштитиме себеси, нашите семејства, пријателите, секако и здравствените работници, но и здравствениот систем во целост.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека нашиот здравствен систем во овој момент е целосно прилагоден кон новата состојба, секојдневно ја следат состојбата на болничките капацитети, на медицинскиот кадар и на дневна основа по потреба правиме и прилагодување, ротации на здравствените работници со цел да одговориме на овој предизвик.

– Но, тоа што е најважно е поддршката од граѓаните, целосното почитување на мерките и солидарноста. Ако ова го имаме многу брзо ќе ја надминеме оваа состојба. Сега кога во целост постепено се враќаме кон редовните животни активности повеќе од кога било е важно сите да дадеме свој придонес во спречување на ширење на вирусот. Сите сме заедно во оваа битка и секој еден од нас е важен, посочи Филипче на прес-конференцијата.

Тој потенцира дека одржале состаноци со Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и неколку јавни здрвствени установи, со лабораториите каде се врши дијагноза на вирусот, на кои разговарале за досегашното искуство во борбата со вирусот, активности и мерките кои досега беа преземени и за следните чекори за справување со епидемијата.

Светската здравствена организација, нагласи Филипче, е наш стратешки партнер генерално во многу сегменти во здравството, а уште повеќе сега откако и ние се соочуваме со овој голем светски здравствен предизвик.

– Претставничката на СЗО во Скопје, Џихан Тавила сите овие четири мерсеци дава огромна подршка на нашиот систем во справувањето со вирусот за што сакам да изразам голема благодарност. Локалната канцеларија на СЗО е во секојдневна комникација со Министерството за здравство, со членовите на Комисијата за заразни болести, како и со многу други чинители во овој процес. Оваа поддршка во консултации, препораки, донации која ја добиваме од СЗО освен тоа ни одава и признание за напорите, трудот, неуморната работа на здравствените работници, институциите и власитер во справување со вирусот, рече Филипче.

Уште кога кон крајот на јанари СЗО прогласи вонредна состојба, посочи министерот, ја интензивиравме оваа наша меѓусебна комуникација, ги преземавме сите мерки и препораки кои ги издаде институцијата и го подигнавме нивото на будност на повисоко ниво дури и пред да го регистрираме пргвиот случај во нашата земја.

– Во периодот кој следеше воведувавме димензионирани мерки со цел да го заштитиме здравјето на граѓаните и да го амортизираме ударот кон нашиот здравствен систем, редовно информираме за статистиката, во континуитет споделуваме препораки и други важни информации, за да ја подигнеме свеста во заедницата за вирусот, неговото присуство и мерките за заштита на граѓаните, додаде Филипче на прес-конференцијата на која се обрати и советникот на регионалниот директор на СЗО за Европа Фабио Скано. 

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе