Филипче: Трета доза ќе им се дава на лица со послаб имунолошки систем

Од Комитетот за имунизација стигна препорака лицата кои се имуно-компромитирани да примат трета доза на вакцина, според препораката на ЦДЦ и здравствените институции во САД, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во текот на неделата ќе стартува и тој процес.

Тој појасни дека со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти на кои им била извршена трансплантација, оние со хронична дијализа и други лица со имуно-дефицитарни, согласно дијагнозата.

– Процесот на вакцинација се одвива добро по најавените мерки, што е добар сигнал и верувам дека тој тренд ќе продолжи. Минатата недела имаше денови кога достигнавме бројка од 8.000 граѓани кои се пријавија да примат прва доза вакцина. Околу 50.000 вакцини се дадени претходната седмица, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој очекува таквото забрзано темпо на имунизација ќе продолжи и што поскоро да се стигне до колективен имунитет.

– Опфатот на вакцинирано население изнесува околу 35 проценти. Процентот на вакцинирани граѓани над 70 години, порасна од 63 на 70. На населението над 50 години, процентот од 45 сега е речиси 50, што е добар знак за оваа категорија граѓани. Гледаме дека во градовите каде што опфатот со вакцинација е висок, на пример Охрид, Битола, Штип, нема пациенти во болниците. Досега се вакцинирани околу 4.000 деца до 18 години. Најмногу се вакцинираат повозрасните, односно 16, 17 и 18 годишни, соопшти Филипче.

Министерот потенцира дека вакцинирањето е единствениот начин да се стави крај на пандемијата.

-Ние сме сведоци сега и во нашата земја што се случува во градовите каде е низок процентот на имунизирани. Јасно е дека вакцините се безбедни. Од дадени милион дози, немаме никаква посериозна компликација. Исклучително мал број во промили на лица кои биле вакцинирани, а кои се заразиле со коронавирусот. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход. Веројатно и во иднина ќе се соочуваме со нови соеви, и повторно вакцинацијата ќе биде начинот да се бориме со пандемијата, рече Филипче.

Во однос на лицата кои, според најавите, треба да дојдат од Авганистан, Филипче рече дека за нив ќе биде препорачана вакцинацијата. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе