Филипче: Третата доза вакцина може да биде од друг производител

„Третата доза вакцина против COVID-19 може да биде од друг производител“, соопшти денеска министерот Венко Филипче.

Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита. Конкретно, тоа се пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа. 

Ова попладнево го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостување на вестите на Канал 5 телевизија.

Тој посочи дека за новиот бран на COVID-19 здравствениот систем е целосно подготвен, подготвени се и лекарите и медицинскиот и помошниот песронал. Во таа смисла, потенцира, денеска имаме состанок со сите директори на клиниките.

– Оваа ситуација во смисла на ширење на вирусот е нешто што досега го немавме затоа што делта сојот има свои карактеристики. Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подиминантен и пратиме како се одвива епидемиолошката крива, рече Филипче.

На прашање дали доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени ќе се размислува за повлекување на одлуката за настава со физичко присуство на учениците, истакна дека во однос на таа препорака, која значи целосно враќање со физичко присуство на учениците, со некои исклучоци, а тоа се ученици со хронични болести и деца кои имаат постари членови со хронични болести и третата група тоа се деца кои по барање на родителите од немедицински причини може да упатат барање до училиштето и тоа да дозволи да не одат во училиште, сите други ќе бидат со физичко присуство.

– Родителот има право да побара за немедицинска причина и врз основа училиштето да даде или не даде согласност. Тоа што е битно е дека во кој било момент ако настане влошување на епидемиолошката состојба, ќе дадеме препорака да се активиираат некои од останатите веќе спремни механизми на спроведување на наставата, дали тоа ќе биде комбинирано или онлајн ќе зависи исклучиво од епидемиолшката слика. Засега, согласно сегашната ситуација, препораката е учениците да почнат со физичко присуство, додаде Филипче. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе