Филипче: Вакцините се безбедни, ќе се вакцинирам во некоја од следните тури

„Не сакам да заземам место од овие првични дози на вакцини, кои се навистина броени, на колегите кои директно работат со пациентите. Ќе се вакцинирам во некоја од следните тури на вакцини“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот посочи дека вакцините се безбедни, со развиени безбедни платформи и се единствен начин за развивање на колективен имунитет.

„Сметам дека здравствените работници се и тоа како свесни за важноста на имунизација, и тогаш кога кажав и сега повторувам ќе се вакцинирам, со цел да укажам и да покажам дека вакцините се безбедни, дека се развиени на безбедни платформи, дека тоа е единствен начин да се развие колективен имунитет и да се смени сликата на пандемијата“, изјави Филипче по стартот на вакцинацијата на здравствените работници во Модуларната болница во Скопје.

Тој додаде дека ќе се вакцинира во некоја од следните тури на вакцини со цел да им покаже на граѓаните дека тоа е тоа што треба да го направат.

„Не сакам да земам место од овие сега првични дози, коишто се навистина броени, на колегите кои што директно работат со пациентите, сигурно ќе се вакцинирам некоја во следните тури на вакцините кои ке дојдат со цел да покажам на граѓаните дека тоа е тоа што тие треба да го направат“, додаде министерот.

Прашан колку луѓе може да се вакцинираат од една вакцина, Филипче потсети дека во еден флакон, кој што се раствора со близу два милилитри физиолошки раствор, може да се вакцинираат шест лица.

„Ако ги кажуваме дозите кажуваме колку луѓе точно може да се вакцинираат, и практично во еден флакон кој што се раствора со близу 2 милилитри физиолошки раствор може да се вакцинираат 6 лица, и тоа е и според препораките на производителот, тоа беше во упатството за тренингот и едукацијата на здравствените работници“, рече Филипче. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе