Филипче: Засега препорака за трета доза само на Pfizer вакцината

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Pfizer вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти.

Тоа се, како што рече, пациенти кои се трансплантирани и оние со хронична дијализа. Филипче посочи дека според анализите, трета доза на Pfizer вакцина – бустер доза значајно ја зголемува нејзината ефикасност.

-Во овој момент се уште траат испитувања во однос на тоа каков ефект има трета доза на вакцина. Една од последни студии која излезе беше студијата во Израел, која што укажа на тоа дека значајно се зголемува ефикасноста после дадена трета доза од вакцините. Според нашите сознанија компанијата Pfizer е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во денешното гостување во дневникот на Сител.

Тој посочи дека со Фајзеровата вакцина значајно се зголемува ефиканоста кон сите соеви на вирусот, и кон алфа, бета и делта сојот на вирусот кога станува збор за аплицирање на трета, односно бустер доза.

-Засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Pfizer вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти. Тоа се пациенти кои се трансплантирани и пациенти кои се на хронична дијализа. Европската се уште ја нема дадено таа препорака, така да уште сме во фаза кога ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии на големи серии на пациенти, додаде министерот Филипче.

Тој посочи дека кај нас веќе има препорака за пациенти кои што се трансплантирани и пациенти кои се на хронична дијализа. Како што рече, следнава недела ќе започне и комуникација со дијализни пациенти за да го проценат бројот на пациенти кои веќе аплицирале и ќе добијат трета доза.

Временскиот интервал кој што треба да помине за да се прими трета доза е шест месеци, а кај нас, посочи, се уште никој нема примено трета доза бидејќи не се поминати шест месеци од ревакцината.

-Тоа што кај некои луѓе се губи количината на детектирани антитела не значи дека немаат имунитет. Впрочем, анализите покажуваат дека бустер дозата ги зголемува антителата во количини, што значи дека веќе од претходните примени дози е створен имунитет и организмот реагира и се брани, а доказ за тоа е бустер дозата односно повторниот контакт со вирусот, рече Филипче.

Тој напомена дека сите истражувања одат во таа насока да многу веројатно после шестиот месец ќе треба да се прими и бустер доза.

Како што рече, сите граѓани кои се вакцинирале во странство кога ќе приложат валиден сертификат дека е тоа направено во друга држава, пример во Србија, ќе бидат регистрирани за трета доза, што значи дека ќе можат да ја примат кај нас и за тоа да добијат наш валиден сертификат.

Филипче рече дека вакцини во овој момент има доволно, а според проценките, ќе има и следната година. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе