Филхармонија почнува со онлајн емитување на дел од своите концерти

Филхармонија за сите оние кои сакаат да слушаат класична музика, а поради актуелната состојба со коронавирусот не се во можност тоа да го сторат, почнува со емитување на дел од своите синфониски концерти на социјалните мрежи кои можат да се најдат и на YouTube каналот.

Со тоа и оваа институција се приклучува кон културните установи кои почнаа да емитуваат онлајн програма поради актуелната состојба со коронавирусот.

– Поради состојбата во која што се наоѓа и нашата земја, и поради неможноста да се изведе концертната програма во живо, нудиме алтернативна варијанта за сите оние кои сакаат да уживаат во класичната музика и во изведбите на нашите филхармоничари и исклучителните диригенти и солисти кои гостуваа на сцената на Филхармонија. Серијата емитувања започна со феноменалниот концерт „Моќта на Заратустра“ и изведбата на едно од најмоќните дела во класиката – „Така зборуваше Заратустра“ на Рихард Штраус, под водство на врвниот маестро Антони Вит, информираат од Филхармонија.

Освен концертите кои се составен дел од официјалната програма, Филхармонија секоја сабота на YouTube каналот и на социјалните мрежи ќе ги емитува и Концертите за деца.

– Следуваат уште многу возбудливи музички патувања со оркестарот на Филхармонија, кои се надеваме дека ќе ви бидат дополнителен мотив и сатисфакција да останете дома и да ги почитувате препораките! #СедиДомаСоФилхармонија, се наведува во соопштението. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе