Финансиска полиција влезе во скопски „Водовод“

Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи влегоа во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, потврдија за МИА од Основното јавно ибвинителство (ОЈО) и од скопски „Водовод“.

Од ОЈО велат дека е известен јавен обвинител и дека обвинителството ќе постапи согласно надлежностите доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело.

– Во овој момент обвинителството има консултативна и координативна улога и јавниот обвинител редовно се известува за преземените дејствија. Доколку органите во чија надлежност е откривањето на криминал утврдат елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности, велат од ОЈО.

МИА денес упати прашања и до Финансиската полиција и Кабинетот на градоначалничката на Град Скопје, но од нив до објавувањето на веста не доби одговор.

Град Скопје неделава соопшти дека го разрешува в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

По ова, оставки поднесоа и директорите на уште неколку јавни претпријатија коишто се под надлежност на Град Скопје. 

реклама

Македонија

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Read more

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Read more

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Read more
 

Вести

Скопјанец обвинет за демнење на поранешната сопруга

Читај повеќе

Директор на центарот за култура во Охрид ја оштетил установата за 150 илјади денари

Читај повеќе

Голема полициска акција на повеќе локации

Читај повеќе
  • play_arrow

Со кои светски лидери не се согласуваше папата Франциск и зошто?

Читај повеќе

ДУИ: Се урива еден од столбовите на Законот за јазиците

Читај повеќе

СДСМ: Љутков го гази колективниот договорот и правата на културните работници

Читај повеќе

ВЛЕН: Ахмети сака да предизвика политичка криза и предвремени избори

Читај повеќе

Руски дрон нападна автобус со цивили во Украина, 10 мртви

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Колку милиони евра однесоа Заев и Филипче во Дубаи?

Читај повеќе