Финансиската полиција влезе во Милан, се истражува кој е вистински сопственик

Фудбалскиот клуб Милан минува низ драматична ситуација поради наводна финансиска измама.

Иако номиналниот финансиски долг на миланскиот клуб е „само“ 250 милиони евра, спорниот долг е во висина од 500 милиони евра, кој се влече од 2017 година. Значи, вистинскиот долг на Милан е всушност околу 800 милиони евра.

Но, навивачите дополнително се загрижени поради упадот на финансиската полиција во просториите на клубот, како и во приватните резиденции на поранешниот главен директор (Газидис) и сегашниот Џорџо Фурлан. Очигледно е дека се истражува потенцијална измама на сопствениците.

Суштината на истрагата што е во тек е дека Финансиската полиција се сомнева дека американскиот фонд Elliott Management Corporation, кој го продаде мнозинскиот пакет акции на друг американски фонд, RedBird Capital Partners, за нешто повеќе од 1,2 милијарди евра, всушност сѐ уште е сопственик на Милан.

Со други зборови, истражителите се сомневаат дека продажбата, поради некоја шпекулативна причина, е само параван. На истражителите од почетокот им било сомнително дека е постигната цена која не е реална според финансиските параметри на Милан.

Доколку се покаже дека има незаконски точки во договорот, тогаш клубот ризикува големи финансиски казни, одземање бодови и забрана за настап во европските купови.

Тагови
реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе