Фитнес лентите стануваат сѐ попопуларни - колку се ефикасни?

А.С.
/ 01.12.2021 / 20:06

Вежбите со ленти за отпор станаа исклучително популарни. Во случај да не сте запознаени со нив, ова се фитнес ленти слични на еластична лента, обично направени од синтетички влакна како латекс или гума.

Можете, на пример, да ја завиткате околу нозете или рацете, што помага да се создаде поголема напнатост додека вежбате. Оваа напнатост го отежнува извршувањето на движењата и вклучува повеќе мускули, што некои фитнес тренери тврдат дека ќе ви помогне да изградите мускули и сила, пишува The Independent.

Важноста на тренингот за сила

Многумина од нас знаат дека тренингот за сила е важен. Не само што може да ни помогне да ја зголемиме издржливоста, туку може да го забави губењето на мускулите како што старееме, додека зголемувањето на мускулната маса исто така може да го забрза метаболизмот.

Иако можете да постигнете одредена сила преку вежбање само со телесна тежина како сквотови или скокови, често клучот за постигнување поголема сила е градењето отпор.

Ова често се прави со тегови или справи за вежбање. Но, во последниве години, фитнес лентите станаа популарен начин да се создаде тој отпор што ја зголемува силата. Ова значи дека можете да ги искористите дополнителните напори без да поминувате часови во теретана кревајќи тегови.

Практичноста на фитнес лентите

Фитнес лентите може лесно да се користат дома, не заземаат многу простор и се евтини, што можеби е и дел од причините зошто се толку популарни. Различни ленти исто така имаат различни нивоа на отпор.

Истражувањата покажуваат дека градењето сила со користење на еластични ленти за отпор е слично како кога станува збор за тренинзи со тегови или справи, што им помага не само на просечниот човек, туку и на професионалните спортисти. Тренингот со еластична лента може да ги зајакне мускулите стабилизатори повеќе од тренингот со тегови.

Оваа мускулна група е важна затоа што ги поддржува поголемите мускули и зглобови за време на движењето и ни помага да не се повредиме. Нивното зајакнување може да го подобри движењето и стабилноста, поради што често се користат ленти за отпор за рехабилитација.

Се проценува дека приближно половина од оние кои почнуваат да тренираат користејќи традиционални тегови се откажуваат во рок од една година поради логистички тешкотии и финансиски трошоци. Фитнес лентите може да бидат полесен начин за градење сила и може да ги поттикнат луѓето да ги користат на долг рок.

Бидејќи се евтини и лесно достапни, тие можат да бидат добра опција за луѓе кои почнуваат да вежбаат или не сакаат да плаќаат за членство во теретана. Ова значи дека речиси секој може да ги искористи придобивките од тренингот за сила без потреба да крева тешки тегови.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе