Франција повеќе од година има ново знаме, но едвај кој забележа

Да, Франција навистина има променето знаме и тоа во нијансата на сината боја, но до неодамна ретко кој успеа да ја примети разликата. Промената се случи со одлука на претседателот Емануел Макрон и беше објаснето зошто е тоа направено.

Пред Елисејската палата, каде што се наоѓа претседателската канцеларија, истакнато е знаме на кое сега сината боја е потемна. Таква нијанса на сина беше на знамето веднаш по Француската револуција (1789-1799).

Кабинетот на претседателот соопшти дека промената се случила во јули минатата година, но дека никој досега не ја забележал. Француската морнарица ја имаше задржано темносината боја уште од 18 век. Посветла нијанса на оваа боја почна да се користи во 70-тите години на минатиот век.

Новото знаме на Франција

Радио Europe 1 денеска објави дека претседателот Макрон се одлучил за оваа промена по совет на соработниците Арно Жолан и Бруно Роже-Пети.

Според властите, темносината боја е поелегантна и поповрзана со Граѓанската, буржоаска револуција. Сепак, некои имаат различни теории за тоа зошто бојата се променила. Со оглед на тоа што ново-старата нијанса повеќе се разликува од сината боја на знамето на Европската Унија, некои се на мислење дека оваа промена јасно ја нагласува разликата меѓу Франција и Европската Унија. Но, властите уверуваат дека не се работи за „војна на бои“, пишува The Guardian.

Знамето кое Франција го користеше од 1976 до 2020

Актуелното знаме всушност и се користеше како државно знаме прво од 1794 до 1815, а потоа од 1848 до 1976 година кога почна да се користи посветлата верзија, сѐ до минатата година.

Сината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со Свети Денис (Сен Дени). Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создало денешното знаме, познато како Французите како триколор.

Споредба на нијансите на претходното и сегашното знаме
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе