Француските навивачи го одбраа Дрогба пред Ибра за најдобар напаѓач

Французите бираа најдобар напаѓач во домашната лига за изминатите 20 години, а приматот замина кај Дидје Дрогба на сметка на Златан Ибрахимовиќ.

Гласањето беше организирано од страна на Лиг 1 преку нивниот Twitter профил. Дрогба освои 51 процент од вкупно 40.094 гласови и во тесна битка го победи Ибра кој освои 49 отсто од гласовите.

URL

Котиворијанецот настапуваше во Франција три сезони. Првите две ги мина во Генгам, додека последната, 2003/04 во Марсеј. Настапи на вкупно 80 натпревари на кои постигна 39 голови по што следуваше трансфер во Челси каде и се прослави.

„Wow какво признание од навивачите, благодарност до @EAGuingamp @OM_Officiel кои ми овозможија да ги доживеам овие неверојатни емоции. Почит за сите напаѓачи кои играле во француската лига“, твитна Дрогба.

URL

За разлика од него, Ибрахимовиќ има далеку подобра статистика. Настапувајќи за ПСЖ од 2012 до 2016 постигна неверојатни 113 голови на 112 натпревара. Сепак, навивачите го претпочитаат поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.

Гласањето беше нокаут систем со елиминации и тоа поделени на два дела: најдобри пред и по 2010. Во вториот дел Ибра претходно ги победи Марио Балотели, Алесандр Лаказет, Килјан Мбапе и Единсон Кавани, додека Дрогба во првиот дел собра повеќе гласови од Фернандо Мориентес, Александер Фрај, Карим Бензема и Паулета.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more
 

Спорт

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе