Хроника

Фрлен „молотов“ коктел на тетовско кафуле

20. март 2017 - 13:41 | Макфакс

Шише со запалива течност било фрлено на тетовско кафуле во текот на ноќта, соопшти полицијата.  Во инцидентот нема повредени, затоа што во тој момент локалот не работел.

Во 4.30 часот во Тетово две непознати лица го искршиле излогното стакло на угостителски објект лоциран на крстосницата од улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ и во објектот фрлиле шише со запалива течност.

Настанот бил пријавен од очевидец и екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгаснала пожарот. Притоа во објектот опожарени биле неколку маси и столови.

Во близина на местото пронајдено е уште едно шише со течност, чекан и тесла. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. 

Коментирај