Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови.

Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, континуирано го спроведува.

„Најпрвин околу 2:30 часот била фрлена бомба во дворот на Срѓан Ристиќ, директорот на УО 'Пчелица Маја', при што е причинета голема материјална штета, но, за среќа, членовите на семејството се добро. Истовремено, бомба била фрлена и врз семејната куќа и гаражата на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце, кој е заменик-градоначалник на Општина Ранилуг. И тука е причинета голема материјална штета, а во нападот нема повредени“.

Во текот на ноќта била фрлена експлозивна направа кон куќата на Зоран Ристиќ од Ранилуг, директор на Центарот за социјална работа, но експлозија немало.

Според Петковиќ, станува збор за брутално заплашување на претставниците на Српска листа, кои, како што посочи, доаѓаат само неколку дена по заканите на Албин Курти дека Србите и Српска листа ќе трпат и ќе платат.

„Курти почна да го реализира својот план првин со апсење тројца Срби, а сега гледаме дека се фрлени бомби врз три српски куќи. Очекуваме сериозно да се сфатат и истражат овие заканувачки напади врз претставниците на Српска листа бидејќи тие испраќаат јасна порака и закана до Србите да ги напуштат своите вековни огништа“, рече Петковиќ.

„Канцеларијата ќе ги информира и меѓународните претставници за овие синхронизирани и планирани напади бидејќи таквите дела со карактеристики на тероризам не смее да се сфатат лесно“, додаде директорот на Канцеларијата.

Српската влада објави фотографии од куќите.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Регион

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Read more

Во нацистичка униформа „блесна“ жената задолжена за контрола на медиумите во Србија

Read more

Бугарското МВР нема информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на нивна територија

Read more

Нов земјотрес на Закинтос, сега посилен - од 4,4 степени

Read more
 

Вести

Ужас во центарот на Белград: Судир на трамвај и такси

Читај повеќе

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Читај повеќе

Полицијата го најде 20-годишникот кој канеше на кафе ученичка во Карбинци, не утврдила елементи на кривично дело

Читај повеќе

Топлотен бран ја погоди Австралија: Речиси 15°C над просекот во Сиднеј

Читај повеќе

Нацрт-резолуција: Израел мора да ги почитува хуманитарните обврски

Читај повеќе

ЕУ се договори како ќе ја регулира вештачката интелигенција

Читај повеќе

Сончево и студено, попладне облачноста ќе се зголемува

Читај повеќе
  • filter

Спречен шверц на повеќе од 500 делови за камиони

Читај повеќе

ЦУК: Најбарана Итната медицинска помош со 51% од реалните повици на 112

Читај повеќе