КВАЛИФИКАЦИИ ЗА У19 ЕУРО 2020

Фудбалерите до 19 години побараа поддршка од трибините

Од утре Скопје е домаќин на квалификацискиот турнир за играчи до 19 години на кој покрај Македонија учествуваат и Босна и Херцеговина, Англија и Луксембург.

Македонската репрезентација до 19 години утре почнува новиот циклус квалификации, за пласман на младинското ЕУРО кое наредното лето ќе се игра во Северна Ирска. Се игра турнирски систем, по еден натпревар со секој противник, а домаќин на турнирот е токму нашиот главен град. По тој повод младите надежи побараа и поддршка од скопската публика со цел Македонија да се пласира во финалната фаза од квалификациите.

Утре со почеток во 13 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во населбата Ново Лисиче, нашата репрезентација во првото коло ќе се пресмета со врсниците од Босна и Херцеговина.

„Одработивме добри подготовки, сите сме максимално спремни и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар. Атмосферата меѓу нас е одлична, се надевам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот против Босна и Херцеговина. Ќе биде тежок натпревар, противникот исто така ќе ја бара својата шанса, но со исполнување на задачите од стручниот штаб сметам дека имаме можност и квалитет за добар резултат“, изјави напаќачот Давид Тошевски за веб-страницата на ФФМ.

Во истото време, но на стадионот „Ѓорче Петров“, се среќаваат фаворитот Англија и аутсајдерот Луксембург. Првопласираните две репрезентации ќе продолаж во наредната фаза заедно со најдобрата третопласирана од сите 13 групи.

„Навистина ми е чест што сум дел од репрезентацијата, за фудбалери на наша возраст е многу значајно што добиваме шанса да ги покажеме квалитетите и на ова ниво. Нѐ очекува силен турнир со натпревари кои ќе бидат вистински предизвик. Сите во тимот сме позитивни со желба и мотив да направиме добар резултат. Утрешниот натпревар против Босна и Херцеговина е исклучително важен, но ние се подготвуваме добро, долго сме заедно и се надеваме дека ќе се прикажеме во најдобро светло. Ќе ја бараме победата, но и поддршката од љубителите на фудбалот на утрешниот меч“, рече Агон Елези, играч од средниот ред.

Селекторот Горан Станиќ за овие квалификациски натпревари ќе смета на следниве 20 фудбалери:

голмани:
Матеј Андов - Вардар
Кристијан Китановски - Вардар
Стефан Митрев - Арау, Швајцарија

одбрана:
Георгије Јанкулов - Железничар, Србија
Божидар Митревски - Силекс
Александар Ѓурковски - Вардар
Бојан Димовски - Вардар
Ване Тасевски - Нибијано&Валтидоне, Италија
Анџело Николовски - Кит-Го

средина:
Агон Елези - Скндербеу, Албанија
Јетон Даути - Ст. Гален, Швајцарија
Арби Воша - Македонија ЃП
Иван Николов - Академија Пандев
Влада Новевски - Војводина, Србија

напад:
Методи Максимов - Работнички
Давид Тошевски - Работнички
Едис Спахиу - Шкендија
Мухарем Сухејљ - Шкупи
Ерсан Хајдари - Арау, Швајцарија
Абдулвахит Мурати - Шкупи

Распоред:

13 ноември, 13.00 часот:

Стадион „Петар Милошевски“
Македонија - Босна и Херцеговина

Стадион „Ѓорче Петров“
Англија - Луксембург

16 ноември, 13.00 часот:

Стадион „Ѓорче Петров“
Босна и Херцеговина - Луксембург

Стадион „Петар Милошевски“
Англија - Македонија

19 ноември, 13.00 часот:

Стадион „Петар Милошевски“
Луксембург - Македонија

Стадион „Ѓорче Петров“
Босна и Херцеговина - Англија

реклама

Што се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Како да го зголемите нивото на тестостерон на природен начин?

Read more

Десетте најпонижувачки порази во историјата на Лигата на шампиони

Read more

Фудбал

ПСЖ за три минути стигна до полуфиналето

Read more

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Read more

Официјални состави: ПСЖ без Мбапе почнува против Аталанта

Read more

Де Роон ќе дели пица во Бергамо ако ја освои ЛШ

Read more

Спорт

Формирани двојките за првото коло од НБА плејофот на Истокот

Читај повеќе
  • play_arrow

ПСЖ за три минути стигна до полуфиналето

Читај повеќе

Болидот на Фетел ќе добие нова шасија за шпанското Гран при

Читај повеќе
  • filter

Новиот играч на Јувентус полни батерии на Охридското Езеро

Читај повеќе

Официјални состави: ПСЖ без Мбапе почнува против Аталанта

Читај повеќе

Де Роон ќе дели пица во Бергамо ако ја освои ЛШ

Читај повеќе

Шестмина позитивни во Атлетик

Читај повеќе

Алушовски: Во Струга не одиме само да се проверуваме, туку да победиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Десетте најпонижувачки порази во историјата на Лигата на шампиони

Читај повеќе