По неуспешната сезона во италијанскиот и европскиот фудбал, во следната сезона Милан ќе се обиде да оди понатаму во сите натпреварувања, а наскоро ќе биде претставен и новиот дрес за следната година кој веќе „протече“ на интернет.
Традиционално, специјализираната страница која го открива изгледот на дресовите на фудбалските клубови, Footy Headlines, откри и како ќе изгледа дресот на Милан за следната сезона.
Тоа е јубилејна сезона, 125-та сезона на Милан од неговото основање, а во оваа прилика на „Сан Сиро“ се одлучија за вистински ретро дизајн кој со својот стил ќе ги врати фановите на почетоците на клубот.
Дресот повторно е направен во соработка со Puma, а овој пат ќе доминира црвената боја со црни риги, додека задната страна на дресот ќе биде целосно црвена. Покрај двете бели линии на страните, во бело ќе бидат и имињата на спонзорите.
На задната страна ќе стои бројот 125, кој ќе означува колку години има овој седумкратен европски шампион.
Инаку, Милан зад себе има лоша сезона бидејќи остана без шанса да освои ниту еден трофеј. Тимот е на второто место во Серија А и нема сомнеж за тоа, но градскиот ривал Интер ја освои Серија А, а Росонерите беа елиминирани и од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа. Предвремено се збогуваа и од Купот на Италија.
Милан сигурно ќе влезе во следната сезона со нов тренер бидејќи беше одлучено да не продолжи со Стефано Пиоли. Името на неговиот наследник сè уште не е познато, но се издвојуваат неколку имиња како Антонио Конте, Марк Ван Бомел и Игнацио Абате.