Galeksia стана Platinum Partner на најголемиот Digital Marketing Institute во светот

Најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот со главни седишта во Ирска и САД, минатата недела, на 24 февруари 2021 ги прогласи своите 4 најуспешни Platinum Partners за едукација за дигитален маркетинг во светот. Во изборот учествуваа над 100 глобални партнери на Digital Marketing Institute, од кои само 4 беа одбрани за најдобри, платинум партнери.

Главните критериуми за избор на овие престижни награди го вклучуваат квалитетот на наставата, експертизата на менторите, процентот на задоволство на учесниците на програмите и процентот на учесници кои успешно го положуваат испитот за светски признат сертификат.

Galeksia – првиот и единствен Институт за Дигитален Маркетинг во нашата држава ја доби оваа престижна Platinum Partner награда, како еден од 4-те најдобри партнери на DMI во светот.

Иако компанијата беше основана во време на пандемија, Galeksia за многу краток период ја покажа својата професионалност и експертиза во неформалната едукација за Дигитален Маркетинг, за што залужено се стекна со називот Platinum Partner на Digital Marketing Institute. Сите предавања се прилагодени за он-лајн учење од самиот старт, со цел да се запази безбедноста на учесниците. Предавањата се одржуваат во мали групи, со цел да се одржи квалитетот на наставата на едно високо и професионално ниво.

За помалку од една година постоење, 91 професионалци го унапредија своето знаење во областа на Дигитален Маркетинг со Galeksia, а компанијата оствари и успешни партнерски соработки со некои од најдобрите компании кај нас, како што се Божиновски часовници и накит, Вива Сокови, Нептун, Халк Банка и Авалон продукција.

„Драго ми е што нашите учесници на програмите и Digital Marketing Institute-от од Ирска го препознаваат квалитетот на Galeksia и вредноста која ја носиме со програмите за дигитален маркетинг. Оваа награда е доказ за нашата посветеност и квалитет и горда сум на целиот тим кој стои позади нашата успешна приказна.

Постоиме на пазарот помалку од една година, а веќе ги гледаме позитивните резултати во развојот на кариерата на сите наши учесници кои се стекнаа со светски признат сертификат. Целта на Galeksia е да овозможиме едно повисоко ниво за неформална едукација во нашата држава и да им овозможиме на сите наши учесници да се стекнат со реномиран, глобално признат сертификат“, вели Теодора Филовска, основач и сопственик на Galeksia.

Уписите за најпопуларната програма на Galeksia, Professional Diploma in Digital Marketing за групата во март веќе се во тек.

Материјалот кој се изучува е креиран и одобрен од најуспешните компании и професионалци во светот: Facebook, Google, LinkedIn, CocaCola, IBM, Microsoft и многу други, кои се лидери во дигиталната трансформација на глобално ниво.

Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing опфаќа 10 различни модули кои им овозможуваат на учесниците да се стекнат со применливо знаење од најважните области во дигиталниот маркетинг и да бидат подготвени истото да го применат на светско ниво, без разлика дали работат за домашен или странски пазар.

По завршувањето на програмата, секој учесник полага за светски признат сертификат кој го издава најголемото сертификационо тело за он-лајн тестирање во светот – Pearson VUE.

Меѓу дополнителните вредности по кои програмите на Galeksia се издвојуваат од останатите во нашата држава е пристапот до глобалната платформа на Digital Marketing Institute кој го добиваат сите учесници на било која програма на Galeksia.

На оваа платформа има над 120.000 активни членови од целиот свет, а студентите на Galeksia добиваат пристап до ексклузивни дополнителни материјали за учење, кои вклучуваат дополнителни бесплатни курсеви, темплејти, алатки, е-книги, вебинари и подкасти, кои им овозможуваат на учесниците да го продолжат своето образование и по стекнувањето на глобално призната диплома.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе