Гарантиран бестселер: Бритни Спирс пишува мемоари

Светски познатата пејачка Бритни Спирс работи на последните подготовки на својата биографија, а критичарите веќе предвидуваат дека книгата за нејзиниот живот ќе стане бестселер.

Како што пренесуваат странските медиуми, мемоарите на оваа поп-ѕвезда ќе бидат објавени во втората половина на годината, а издавачите ја опишаа книгата како инспиративен и револуционерен бестселер.

„Книгата на Бритни е приказна за триумф. Ќе ги опфати нејзините најчувствителни моменти, нејзиното детство и тоа дека била девојка со големи соништа, раскинувањето со Џастин Тимберлејк, моментот кога ја избричи главата и битката за старателство со нејзиното семејство“, рече извор близок до пејачката.

Се наведува дека тоа е и приказна за преживувањето, наоѓањето самостојност, мир и среќа со нејзиниот сопруг Сем Асгари.

Познато е дека Спирс соработувала со Сем Лански, познат автор и новинар кој пишувал за The Atlantic, New York Magazine, Time и правел профили на ѕвезди како Мадона, Ники Минаж и Адел.

Исто така, медиумот Page Six откри дека Бритни Спирс потпишала значаен договор за книгата во вредност од 15 милиони долари, што го склучиле Creative Artists Agency и нејзиниот адвокат Метју Розенгарт.

реклама

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе