СУПЕРКОПА ИТАЛИЈАНА 2020

Гатузо: Пирло ми е другар, но се надевам ќе му ја загорчам вечерта

Вечер се игра италијанскиот Суперкуп помеѓу освојувачот на купот Наполи и шампионот Јувентус во кој битка ќе бијат и поранешните долгогодишни соиграчи од Милан, Гатузо и Пирло.

Џенаро Гатузо и Наполи атакуваат на првиот трофеј година. Вечерва од 21 часот на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија „Партенопеите“ копјата ќе ги вкрстат со ранетиот Јувентус кој во оваа битка за пехар влегува по поразот од Интер во Дерби д'Италија.

„Ќе дадеме 200 посто за да победиме. Андреа Пирло е мој другар и голем пријател. Играјќи покрај него освоив сѐ што можев да освојам, како во репрезентацијата така и во Милан. Имаме одличен однос, но секако дека вечер очекувам да му пружам така малку горчина. Нека победи подобриот, но ќе останеме големи пријатели“, рече Гатузо на официјалната прес-конференција.

Иако Јувентус влегува во овој натпревар по болниот пораз во дербито од Интер, Гатузо не верува дека неговиот противник е во криза.

„Кога играш против Јуве се соочуваш со тим кој има огромен менталитет. Тоа се играчи подготвени на високо ниво, не чуствуваат притисок и знаат да се снајдат во секакви ситуации“.

„Не смееме да паднеме во замката замислувајќи си дека Јувентус е во некаква криза. Јуве ретко греши два натпревара во низа и ако си замислуваме дека се во криза, тотално ќе го промашиме пристапот. Во моментов ќе биде уште потешко да им се спротивставиме“, смета популарниот Рино.

Наполи и Јувентус играа едно финале во јуни кога во Копа Италија токму момците на Гатузо го кренаа пехарот победувајќи на пенали откако натпреварот заврши без голови. Но, тогаш на клупата на „Старата дама“ не седеше Пирло, туку Маурицио Сари.

„Работите се сменети од пред 6 месеци. Ние имаме поголем идентитет, но и кај нив сменети се одредени работи. Сега е друго финале, нема што повеќе да се додаде. Оној што ќе победи ќе добие и поголем стимул за остатокот од сезоната“, завршува Гатузо.

Натпреварот ќе го суди Паоло Валери. Наполи го брка својот трет трофеј во ова натпреварување во кое Јуве има 8, најмногу од сите, но има и рекордни 7 порази.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе