Газдите на ПСЖ ја меркаат Премиер лигата

Катарецот Насер Ал-Келаифи, претседател на Пари Сен Жермен и Qatar Sports Investments има голема желба да ја прошири својата фудбалска империја со инвестирање во клубови низ Европа.

Според извештаите на Sky Sports, катарските сопственици на ПСЖ, предводени од претседателот Насер Ал-Келаифи, минатата недела одржале состанок во Лондон со сопственикот на Тотенхем. Наводната тема на средбата била инвестирањето во клубот од северен Лондон.

Не е тајна дека катарските сопственици на Пари Сен Жермен имаат намера да инвестираат во фудбалски клубови, а како посебна желба се издвојуваат клубовите од англиската Премиер лига. Покрај сопственоста на ПСЖ, Qatar Sports Investment (QSI) поседува и малцински удел во португалската Брага.

Очекувањата беа дека по Мундијалот во Катар ќе се намали интересот на QSI за фудбалски инвестиции, но се чини дека се случува сосема спротивното. Според извештаите, катарската компанија подготвува амбициозен план за стратешки инвестиции во клубови ширум светот.

Како потенцијални инвестициски цели се споменуваат и Ливерпул и Манчестер Јунајтед, чии сопственици јавно ја потврдија потрагата по нови инвеститори.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе