Гејтс објасни за мутациите: Знаеме што треба да направиме за да ги спречиме

Американскиот милијардер и основач на Microsoft, Бил Гејтс во последниот период честопати коментира за пандемијата на коронавирусот, повикувајќи на вакцинација и почитување на мерките. Неодамна на неговиот блог тој се осврна на фактот дека се појавуваат нови соеви на вирусот.

Гејтс призна дека тоа е загрижувачки.

„Светот постигна напредок во борбата против COVID-19, но новите варијанти на вирусот би можеле да го загрозат напредокот што го постигнавме во текот на минатата година“, напиша милијардерот.

Тој во пет точки објасни како мутациите на вирусот ја комплицираат пандемијата:

1. Веќе сте имале работа со мутирани варијанти на вирус ако некогаш сте прележале грип

Вирусот на грипот мутира и затоа често се соочуваме со поинакви варијанти. Сами по себе варијантите не се необични, но тоа исто така значи дека се потребни и нови варијанти на вакцини.

„Коронавирусот, како и сите вируси, има само една цел, да се размножува. Секој пат која вирусот ќе ги нападне вашите клетки, ја мами клетката да ги следи упатствата кодирани во нејзината РНК за да направи повеќе копии од вирусот. Кога клетката ќе создаде нов вирус, тешко е да се направи истата работа без ниту една грешка. Шифрата на вирусот којшто предизвикува COVID-19 е долга околу 30.000 букви. Тоа се многу прилики за грешка, што коронавирусот често ги прави. Повеќето грешки доведуваат до вирус кој е или функционално идентичен или не може да се реплицира. Но, од време на време доаѓа до промени кои ја олеснуваат заразата за вирусот или избегнуваат имунолошки одговор. Кога таа промена почне да се шири меѓу луѓето, се појавува нова варијанта“, објасни Гејтс како доаѓа до создавање на нови варијанти.

2. Гледаме исти мутации и тоа би можело да биде добро

Вирусот мутира скоро двапати побрзо од грип и е многу поедноставен вирус во однос на грипот, вели Гејтс. Кога мутира, тоа се случува главно на истото место, во одреден протеин.

„Тој шилест протеин е клуч за ширењето на вирусот. Неговиот облик е тоа што му овозможува на вирусот да ги зарази човечките клетки. Ако протеинот само малку се промени, би можел поефикасно да се поврзе со клетките или да му отежни на имунитетот да го таргетира. Но, ако премногу се промени, вирусот повеќе не би можел да добие пристап, кој е клуч на неговиот животен цикулс. Како што мутациите се случуваат само на ова ограничено место, истите мутации се појавуваат на различни локации во светот, но без различни варијации“, вели милијардерот.

3. Вирусот се менува, но патот пред нас е ист

„Изгледа дека вакцините коишто се прават денес можат да спречат тешки форми на болеста, дури и кога станува збор за новите варијанти, па следното прашање е дали ќе мора вакцината да се менува поради новите варијанти. Во секој случај, запирањето на вирусот е најдобриот начин на сузбивање на COVID-19 и спречување на создавање нови варијанти. Засега е клучно да продолжите со следење на мерките. Ако бидеме повнимателни кога станува збор за социјална дистанца, носење маски и вакцинирање, ќе придонесеме многу порано кон крај на пандемијата“.

4. Новите варијанти истакнуваат колку е важно вакцините да бидат достапни

Едноставно кажано, колку повеќе вирусот се шири во светот, толку се поголеми шансите да еволуира и да научи да дава отпор на вакцините.

„Ако не ги донесеме вакцините во секој дел од светот, ќе мора да живееме со можноста да се појави многу полош сој на вирусот. Дури би можеле да видиме како се појавува нова варијанта која е целосно отпорна на сегашните вакцини“, пишува Гејтс.

5. Светот сега е повеќе подготвен за нова пандемија

Ако светот се соочи со уште една пандемија ќе биде подобро подготвен.

„Се надеваме дека следниот пат разликата ќе биде во тоа што сме подобро подготвени и порано ќе воочиме нови варијанти. Сите алати и протоколи кои научниците и докторите ги поставија за следење на варијациите на вирусот ќе бидат од непроценливо значење за иднината.

„Нема сомнежи нека новите варијанти ги комплицираат нашите напори да ја запреме пандемијата. Дури и кога најлошото ќе биде зад нас, мора да бидеме внимателни. За среќа, знаеме што треба да правиме за да спречиме да се појават. Засега е најдобро да се следат препораките од јавното здравје и во прва прилика да се вакцинирате“, смета Гејтс.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе