Германскиот амбасадор ги напуштил просториите на Министерството за надворешни работи на Русија

Министерството за надворешни работи на Русија ги објави деталите од разговорот со германскиот амбасадор во оваа земја, со кого разговарале за аудиоснимки на кои германски војници наводно разговарале за уривањето на мостот на Крим.

По разговорот со Александер Ламбсдорф, Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека побарале појаснување од германскиот амбасадор.

„Руското Министерство за надворешни работи побара појаснување од амбасадорот во врска со дискусијата во разговорот со високи германски офицери за можноста за снабдување на Киев со ракети од долг дострел Таурус, како и давање практична помош на вооружените сили на Украина во нивните борбени потреби против цели во Русија“, се вели во извештајот.

Тие исто така посочија дека овие наводи укажуваат на вмешаност на Западот, вклучително и на Берлин, во конфликтот во Украина.

Претставник на германското Министерство за одбрана изјави дека Федералната воена контраразузнавачка служба (BAMAD) ги презела сите неопходни мерки за да го истражи инцидентот.

Информацијата дека германските војници наводно зборувале за уривање на мостот на Крим, првпат во јавноста ја изнесе руската пропагандистка Маргарита Симонјан.

Германскиот канцелар Олаф Шолц целата ситуација ја нарече многу сериозна и рече дека германската влада работи на расветлување на инцидентот многу внимателно, интензивно и брзо.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе