Гевгелија по референдумот (Видео)
Граѓаните на Гевгелија викендов гласаа на референдум и кажаа „стоп“ за отворање нови рудници за злато на планината Кожув.
Иницијативата беше преземена од невладината „Спас за Гевгелија“ и вроди со плод. Од вкупно 19.459 жители на градот, гласале 13.384 граѓани со право на глас. Општинската изборна комисија информира дека „за“ гласале само 184 граѓани, додека останатите 13.097 биле против оваа идеја, имало и 184 неважечки ливчиња. Процентуално, само 1,1 од 100 проценти биле за спроведување на оваа идеја, додека, 1% биле неважечки, а останатите 97,9% биле негативно настроени кон идејата.
Kлучните забелешки на набљудувачите на „ЦИВИЛ“ – Центар за слобода, за текот на Референдумот во Гевгелија до 19 часот се повеќе од технички карактер.
Екипата на Макфакс направи анкета меѓу граѓаните во Гевгелија по референдумот.