ГФК Куманово за инцидентот на фудбалскиот натпревар во Средно Коњаре

Додека главна вест е приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, мала медиумско внимание добива она што всушност се случуваше во неделата во Средно Коњаре кога полициските силе разбивале физички напад.

Фудбалерите на Куманово по завршувањето на натпреварот; Фото: ГФК Куманово

Без да прераскажуваме што се случувало, го пренесуваме сведоштвото на гостинската екипа на Куманово, инаку лидер во 3.МФЛ Север, која играше против екипата на БВК Коњаре. Спротивно од шпекулациите, кумановци се всушност задоволни од приемот на домаќинот и открија дека инцидентот настанал кога навивачи од Арачиново ги нападннале домашните гледачи од Средно Коњаре.

За неупатените во македонскиот фудбал, Куманово има еден бод предност на табелата пред второпласираната екипа на Шкендија 77 од Арачиново. Арачиновци се надеваа дека БВК Коњаре ќе остане барем непоразен против лидерот, па ќе дојде до промена на табелата. Инаку, само првопласираниот на табелата ќе учествува во баражите за пласман во 2.МФЛ, односно ранг погоре.

„Освоени три бода на дерби натпреварот на тешко гостување против екипата на БВК Коњаре. Најпрвин да им честитаме на сите играчи, стручниот штаб и управата на клубот.
Сега да ја известиме јавноста во Македонија што денеска се случуваше на натпреварот.
Натпреварот беше екстра организиран од страната на домашната екипа и припадници за одржување на редот ЕБР, ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА и редовната полиција од СВР ПЕТРОВЕЦ.
За разлика од претходното гостување на нашата екипа во Синѓелиќ каде како што ве информиравме дека немаше никакви услови за фудбал и дека ни се закануваа дека живи нема да излеземе ако бодовите не ги освои домашната екипа.
Денес домашната екипа на БВК на натпреварот влезе мотивирано, но уште на самиот старт по една контра го отворивме резултатот со 0:1.
Во првиот дел имавме уште две сто постотни шанси за гол кои не ги искористивме.
На стадионот во с. Средно Коњаре имаше домашна публика која навиваше фер и коректно и навивачи од Арачиново кои цело време вршеа притисок на нашите фудбалери, но тоа е дозволено во фудбалот.
На стартот од вториот дел го зголемивме водството на 0:2 и имавме контрола на натпреварот.
Навивачите од Арачиново во 70. минута од натпреварот почнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од резултатот и не знаеме што очекувале од домашната екипа да направи на овој натпревар кога сите екипи знаат дека моментално сме најквалитетна екипа во трета лига север.
По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика и дојде до прекин на натпреварот, а да немаше полиција во голем број кој знае што ќе се случеше на натпреварот.
По пауза од 30 минути продолживме со натпреварот и резултатот остана непроменет 0:2.
Уште еднаш апелираме до ФФМ дека екипата на Шкендија од Арачиново не само што се заканува на нашата екипа, туку почна да се заканува и на сите наши противнички екипи со кои играме до крајот на првенството.
На домашната екипа на БВК сакаме да им се заблагодариме за фер и коректениот натпревар и се покажаа како вистински домаќини. Иако сакаа со сето срце да ни земаат бодови, мора да признаат дека сме поквалитетна екипа од нив.
Голема благодарност и до полиција која денес беше на висина на задачата и покажаа дека се вистински професионалци“, стои во објавата на ГФК Куманово.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе