Гигс ги откри четворицата недопирливи на Фергусон

Познато е дека легендарниот Сер Алекс Фергусон бараше строга дисциплина од своите фудбалери, но Рајан Гигс открива дека четворица уживале посебен третман кај него.

Познати се неговите кавги со Дејвид Бекам, а сега Гигс откри кои фудбалери легендарниот шкотски стратег никогаш не ги чепкал.

„Прв беше Ерик Кантона. Имаше натпревари на кои тој ништо немаше да направи. Ни гол, ни асистенција, а ниту пак се трошеше да помага во одбрана како Карлос Тевес или Вејн Руни. Тогаш во соблекувална коментиравме како ќе го осети бесот на Фергусон, но ништо не се случуваше. Нареден натпревар Кантона ќе дадеше гол или ќе направеше некоја негова магија. Другите тројца беа Брајан Робсон, Рој Кин и Кристијано Роналдо. Големите ѕвезди Фергусон ги третираше на посебен начин бидејќи знаеше дека ќе му се оддолжат на терен“, вели Гигс.

Фергусон со Кантона

За разлика од нив, Велшанецот на своја кожа го има осетено бесот на Фергусон.

„Бев во немилост неколку пати. Шест или седум пати бев казнуван поради расправии со него. Во тие моменти не ми беше сеедно, но после неколку години Сер Алекс ми рече дека посакувал некогаш да му вратев. Тоа ќе му покажело дека не сум бил рамнодушен“, заврши велшката легенда.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе