Гледачите збунети зошто Клеопатра на Netflix не е бела

Новата документарна минисерија Queen Cleopatra на Netflix наиде на критики од гледачите бидејќи египетската владетелка Клеопатра е претставена со темна боја на кожата.

Нараторка на серијата е Џејда Пинкет Смит, која исто така еден од извршните продуценти на проектот.

Queen Cleopatra е втората сезона од Netflix серијалот African Queens. Првата сезона го следеше животот на африканската кралица Нјинга од територијата на Ангола.

Во интервју за Netflix, Пинкет Смит рече: „Овој проект помина низ многу промени, но се започна со Вилоу... Не често ги слушаме приказните за црните владетелки. Тоа беше важно за мене, за ќерка ми и нашата заедница да ги научи овие приказни бидејќи ги има многу. Тажно е што немаме пристап до овие историски личности кои беа камен-темелник на африканските земји“.

Иако повеќето историчари се согласуваат дека Клеопатра била бела затоа што потекнувала од Птоломејската династија, и дека таа династија била позната по практикувањето инцест, Клеопатра во серијата ја игра актерката Адел Џејмс. Бидејќи не го знаеме целосно потеклото на мајката или бабата на Клеопатра, Netflix одлучи да ѝ ја додели улогата на актерка со темна кожа и да покаже страна од историјата што вообичаено не ја гледаме.

Поради ова, Netflix беше мета на бројни критики. Еден корисник на Twitter напиша: „Кражбата на египетската историја продолжува. Американските ревизионисти одлучија дека грчко-египетската кралица Клеопатра била црна“. Многу египетски корисници го делат ова мислење.

Документарната серија ќе биде објавена на 10 мај и ќе има четири епизоди.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе