Глобална краудфандинг платформа достапна и на македонскиот пазар

Скопје, 11 јули 2019 (МИА) – Глобалната краудфандинг платформа „Фандербим“ (Funderbeam) првпат станува достапна на македонскиот пазар, што значи можност за пристап до финансии за компаниите, како и можност за вложување на инвеститори во компании кои се во почетна фаза на развојот.

За таа цел денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу потпретседателката на Сојузот на стопански комори Габриела Кулебанова и извршниот директор на Берзата, Иван Штериев.

На присутните компании членови на Сојузот, им беа презентирани можности за пристап до  платформата која овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори.

Како што информираше Штериев, целта на Меморандумот е почнување на интензивна соработка помеѓу двете институции во доменот на размена на информации, едукација и создавање партнерство во функција на идно поповолно деловно окружување.

– Имајќи го ова предвид, Берзата во наредниот период ќе иницира низа активности наменети за членовите на Сојузот на стопански комори, со цел генерално да се претстават можностите и придобивките на пазарното финансирање, процесот на иницијална јавна понуда и котација на берза. Во тие рамки, денес за членките на Сојузот беше извршена презентација на глобалната иновативна краудфандинг платформа Фандербим, со која Берзата има склучено ексклузивен договор за соработка. Преку оваа платформа македонските стартапи, но и малите и средни претпријатија, добиваат можност за пазарно финансирање, локално и глобално, во зависност од нивната иновативност и конкурентност, а домашните инвеститори прилика да вложат во бизнис проекти во кои ќе препознаат добар потенцијал, истакна Штериев.

Според Кулебанова, неопходно е подигнување на свеста за различните модели на финансирање, кои се од големо значење особено во денешните услови на отежнат пристап до финансирање. – Токму затоа, Сојузот на комори сака да ги направи подостапни сите можности кои се нудат за влез на средства во домашните компании, со долгорочна цел – градење на силен национален приватен сектор. Неопходно е нашата земја да биде во чекор со глобалните финансиски текови и средствата кои се вложуваат во компаниите и во нивниот развој да бидат достапни и за македонските компании, рече Кулебанова и додаде дека во соработка со Македонската берза која има пристап до интернет платформата „Фандербим“ за финансирање се отвора нова можност за компаниите.

Интернет платформата Фандербим функционира преку принципот на креирање кампањи за собирање средства, таканаречени – краудфандинг. На присутните компании членови на Сојузот, им беа презентирани можности за пристап до глобална интернет платформа Фандербим – за финансирање и трговија која овозможува поврзување со 200.000 приватни компании и 17.000 инвеститори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе